Почетна / Сапуници / Аси конечно се заљуби, дали е во тајна врска со турскиот пејач?

Аси конечно се заљуби, дали е во тајна врска со турскиот пејач?

Последниве денови во јавноста големо внимание привлече искрената љубовна изјава на познатата актерка Туба Бујукустун. По веста за која долго време се шпекулира, дека актерката е во тајна љубовна врска со пејачот и актер Мурат Боз, една од нејзините објави на Инстаграм минатиот месец предизвика бурни реакции.

Успешната актерка постави story на својот Инстаграм профил со искрен опис за љубовното искуство. Пораката за кратко време се рашири низ социјалните медиуми: „Не знам зошто, не знам како, но се заљубив… И очигледно се заљубив. …“ Овие зборови предизвикаа уште поголема љубопитност во јавноста.

По нејзиниот развод со актерот Онур Сајлак во 2017-та, приоритет на Бујукустун беше да го зачува нејзиниот приватен живот што подалеку од очите на јавноста. Оттука, таа бргу стана мета на папараците и многубројните љубовни шпекулации.

Од бракот со Онур, Туба ги има близначките Маја и Топрак кои се родија во 2012-та година. По турбулентен брак и многу гласини за неверство од страна на Онур, тие се разделија во јуни 2017-та година.

Туба Бујукустун е една од најпознатите турски актерки, и на нашата публика и е омилена во многубројни ТВ серии, меѓу кои “Аси”, “Дамата со марама”, “Пари и љубов” и „20 Минути“. Моментално, на малите екрани таа се појавува во улогата на Сухан Кордулаг во серијата „Украдено минато“ на Дизи, претходно прикажана на националната Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!