Стана ли женската убавина најважниот критериум кога е во прашање квалитетот на жената како личност? На оваа тема во најновото издание од „Нешто конкретно” зборуваа Анита Даева, Аспазија Софијанова, Мики Црнокрак и Драгана Спасовска. Сите успешни во своите кариери и доволно компетентни да дебатираат дали женската убавина се изедначи со зборот успех.
Огледалото на Драгана Спасовска ќе каже дека таа е најубава, за нејзе self-love е најважната работа па манекенката гордо кажува дека за себеси смета оти е најубава, додека огледалото на Анита Даева е малку поскромно па тоа ќе каже дека таа е симпатична и далеку од најубава на светот. Даева вели дека не се смета за најубава на светот, не се смета ни за грда, но вели дека убавината не ја кажува огледалото. „Огледалото е мртва природа, дали си убав или не треба некој жив да ти каже, така да огледалото само ми служи да видам не имам некоја флека, косава нешто да не не ми е средена, а нема никогаш да ми даде одговор на тоа прашање”, рече таа.
За убавината што никогаш нема да излезе од мода Мики Црнокрак вели: „За убавината нема мода, за убавината нема тренд, ако се родиш убав ќе умреш убав”, според него сега се бара комплетна убавина, односно сувата убавина кога ќе биде надоградена со она што излегува од внатре, шарм, хазирма, интелегенција и елоквенција, кога сите тие креатори на убавината ќе се спојат во едно тоа е вистинската убавина, рече тој.
Аспазија Софијанова за првпат во јавноста зборуваше за тоа како на само 20 години се одлучила да ги намали своите гради додека била студент по медиицна, причината за тоа погледнете ја во целата емисија која веќе е достапна на нашиот канал на YouTube.
Гледајте „Нешто конкретно” со Снеже Велков секоја недела во 17.00 часот на Телма.
Дани | ТВ Пакет