Почетна / Живот / АВМУ: Да не се фаворизираат медиуми при споделување информации

АВМУ: Да не се фаворизираат медиуми при споделување информации

Поради појавата на непроверени и нецелосни информации поврзани со бројот на заболени од COVID-19 во државава, Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги потсетува дека во ваква ситуација точното и навремено информирање на граѓаните е врвен приоритет и од суштинско значење за јавниот интерес.

Воедно, забележана е практика надлежни здравствени институции да фаворизираат одредени медиуми и тие први да ги добиваат информациите поврзани со коронавирусот. Агенцијата повторно апелира надлежните органи да дистрибуираат целосни информации до сите медиуми истовремено и на сите да им овозможат еднаков пристап до нив. Во спротивно, тие можат да станат потенцијален извор на дезинформации.

Истовремено, ги повикуваме медиумите, имајќи ја предвид нивната општествено одговорна улога, при своето работење да се водат од професионалните новинарски стандарди и принципи, а не од принципот на ексклузивитет – изјавуваат од ААВМУ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!