Агенцијата за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги едногласно покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Телевизија Алфа поради неплатен долг, пишува 4 News.
Телевизијата ќе згасне доколку не биде извршена уплата за дозволата за ТВ емитување, но како што било потенцирано, има најави дека телевизијата до крајот на месецот ќе изврши уплата, пишува порталот.
Од регионалните телевизии, одземање на дозволата ѝ се заканува и на скопската МТМ, додава 4News.
| ТВ Пакет