Почетна / Телевизија / АВМУ: На Телма отсуствуваат информации за активности и ставови на ВМРО

АВМУ: На Телма отсуствуваат информации за активности и ставови на ВМРО

Во врска со јавно искажаните реакции дека во дневно-информативните изданија на националната телевизија ТВ Телма отсуствуваат информации за активностите и ставовите на најголемата опозициска партија за актуелни општествено-политички прашања, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека еден од основните програмски принципи на кои се темелат програмите на радиодифузерите е објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања.

– Медиумите се самостојни и независни при креирањето на уредувачката политика, но политичкиот плурализам е витален за развој и зачувување на демократските општества. Токму затоа медиумите мора да бидат свесни за својата улога и одговорност во креирањето на јавното мислење, односно обврската кон јавноста програмите да бидат отворени за различни политички гледишта – коментираат од Агенцијата.

и з в о р

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!