Baby Lasagna e првиот претставник од Хрватска кој успева да влезе во британската топ листа Топ 40. Ова е неверојатен успех за еден уметник од толку мала земја. Последниве години, многу песни од Евровизија влегуваат во британскиот топ 40 веднаш по завршувањето на фестивалот и стануваат вистински хитови.
Оваа недела на британскиот топ 40 на 18 место е победникот од Швајцарија. На 36 место е Baby Lasagna, а на 37 место е дисквалификуваната Холандија. Надвор од топ 40 листата, повторно влегол британскиот претставник Olly Alexander на 48 место и песната од Ирска се наоѓа на 67 место.
Последните пет години по ред, секој победник на Евровизија се пласираше во Топ 40 во Обединетото Кралство по натпреварот, при што Немо се приклучи на Arcade на победникот Данкан Лоренс од Холандија од 2019 година (29 место), 2021 година победниците Манескин влегуваат на 17-то место, победници од 2022 година Калуш Оркестра од Украина влегуваат на 38-то место и шампионката за поставување рекорди од 2023 година, Лорин од Шведска со Tatoo на високото второ место.
Да се надеваме дека МРТ ќе одлучи да учествува на Евровизија 2025 со одлична песна и настап, па и ние да пишуваме за првиот уметник од Македонија кој ќе влезе на престижната Топ 40 листа во Британија.
Инаку по успехот во Британија, многу лесно овие уметници влегуваат на неверојатно значајната Билборд листа од САД.
Од Евровизија на американската листа досега многу песни влегле, а позначајни се првото место на оваа листа на Доменико Модуњо од 1958 година, Аба во 1974 година стигнале до 6 место, во 1996 Џина Џи на местото број 12, Данкан Лоренс на 30 место, и Роса Лин од Ерменија која не ни беше победник со песната Snap, влезе на една од двете највлијателни топ листи во светот.
Дани | ТВ Пакет