Како што веќе известивме, започнаа снимањата на аудициите на „X Factor“ коишто ќе се емитуваат веќе од следниот месец на телевизија Сител за Македонија. Најталентираните отпатуваа во Белград, големото студио е подготвено, а како што можете да погледнете од фотографиите во прилог, во бекстејџот на ова шоу е навистина весело. Таму наидовме на Снеже Велков, која е всушност македонската водителка на шоуто. Набрзо ќе ве изненадиме со многу ексклузивни информации директно од Белград. „X Factor“ треската нека започне!
Крис Манев | ТВ Пакет