Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Бадникова вечер на Канал 5 со концерт на Драган Мијалковски

Бадникова вечер на Канал 5 со концерт на Драган Мијалковски

Пејте ги и уживајте со незаборавните евергрини од неговата шеесетгодишна кариера. Имајте прекрасна бадникова вечер со јубилејниот концерт на драган Мијалковски.

Во придружба на Големиот концертен оркестар и членови од Националниот џез оркестар, ќе ги слушнеме најпопуларните песни на Драган Мијалковски кои ќе бидат изведени во исти аранжмани како во старите добри времиња.

Затоа подгответе се заедно да ги пееме незаборавните Кажи ми, 223-3О5, Скопје радост моја, Кажи нешто драга, Перонот 3, Моја малечка гулабице, Убава си како музика, Ти така ми доаѓаш, Оди си, Иди иди душо моја, Гитаро моја, Лебеди пловете и други незаборавни евергрини .

6 јануари со почеток во 20 часот, само на Канал 5 телевизија – концерт на легендарниот Драган Мијалковски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втората сезона од „Трка низ светот“ нѐ носи низ Латинска Америка

Никогаш не било полесно да се стигне до другата страна на светот. Но, дали летајќи …

error: Содржината е заштитена!