Според она што го видовме вчеравечер на крајот од шестата епизода на „Твоето лице звучи познато“, во недела на очекува вистински спектакл!
Имено, тројца натпреварувачи ги добија улогите на Џеси Џеј, Ариана Гранде и Ники Минаж, што може да значи дека на сцената на ТЛЗП ќе се изведе големиот хит „Bang Bang“. Нашата Елена Ристеска ќе има задача да ја имитира Џеси Џеј, Катерина ќе ја имитира Ариана Гранде, а Оки во улогата на Ники Минаж. Едвај чекаме!