Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува мини белгиска серија.
“Заложници” многумина ја споредија со популарната “La casa de papel” од причина што и тука следиме група разбојници кои упаѓаат во филијала на една банка и ги држат под заложништво не само вработените, туку сите оние кои во тој момент се нашле во банката.
Силни полициски сили, предводени од преговарачи и специјални единици пристигнуваат многу брзо на местото на настанот. Сите тие од надвор се обидуваат да ја решат ситуацијата што е можно побрзо и безболно, а вклучително ги следиме и напорите на на членовите на семејствата на киднапираните лица и медиумите кои известуваат за оваа заложничка криза. Веќе во наредната епизода ги следиме случувањата на киднаперите и заложниците, а потоа повторно епизода со откривање на настаните и деталите низ призмата на оние однадвор.
Актерската екипа е исто така на висина на задачата. Сè тука изгледа убедливо и реално, и сосема е очигледно е дека авторското дуо се обидело да испита слични ситуации во реалноста и верно да ги пренесе на екранот. Не треба да се биде премногу мудар да се претпостави дека грабежот ќе биде само поттик за нешто многу подлабоко и посложено. Како што се развива ситуацијата околу заложничката криза, ние гледаме не само како работат тие професионални преговарачи и како се обидуваат да ги решат ваквите ситуации, туку и како изгледаат ситуациите од агол на медиумите.
Јасно е дека од самиот почеток, на местото на настанот ќе бидат ТВ репортерите, кои ќе се обидат да добијат „ексклузива“ на нелегален начин, дополнително влошувајќи ја ситуацијата, иако ќе бидат јасно предупредени дека со сè што прават можат да ја уништат целата акција. Како ќе се расчисти ситуацијата, следиме на Сител во новата адреналинска акција “De dag”.
Дани | ТВ Пакет