Почетна / Сапуници / „Без мајка“, нова спортска трогателна драма на Канал 5
Од понеделник до петок во 22.45 часот - БЕЗ МАЈКА -

„Без мајка“, нова спортска трогателна драма на Канал 5

Tарик бил успешен кошаркар, но морал да се откаже од овој спорт во моментот на златните денови на неговата кариера. Повредата го разочарува, а смртта на сопругата го турка во депресија која ја лечи со алкохол. Затоа, го губи старателството над неговите две ќерки, Мелис и Зејнеп кои израснале без мајка и само под закрилата на татка си.

Но, сега животот му дава втора шанса на Тарик – да ја врати довербата во животот и да го поврати старателството врз децата на тој начин што ќе започне стабилен живот. Тој наоѓа нова работа во државно училиште во една сиромашна населба и се согласува да направи кошаркарски тим за еден месец.

Ако не успее да го подготви својот тим за кошаркарскиот турнир во рок од еден месец, нема да може да си ја задржи работата, а со тоа и да докаже на институциите дека води поинаков живот. Поради оваа причина, Тарик се обидува да даде сè од себе за да убеди 4 студенти : Хакан, Фикрет, Али и Садик да влезат во неговиот тим и да се подготват за турнирот кои им престои.

Во меѓувреме тој запознава убава професорка по литература во училиштето, Бахар, која го поддржува Тарик на патот на поставените цели.


За овој човек следуваат големи предизвици кон успех во тоа што го зацртал, а сè со цел да си ги врати назад своите две ќерки, своите две ангелчиња. Но, препреките ги има многу, а искушенијата повторно да падне во очај и безилез ќе го демнат во секој негов чекор.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!