Најсигурен пат до победа во реалните шоуа секако е сексот. Со години наназад во сите земји кадешто се емитува „Големиот брат“ многу често победници се оние коишто се осмелиле да имаат секс пред камерите. Па така и Шпанците Меланија и Пјер одлучија да играат на истата карта за да ја зацврстат својата положба во финалето. Имено, овие двајца станари се сексаат каде ќе стигнат и во било кој период од денот.
Ним не им пречат ниту состанарите кои влегуваат во собата додека тие се среде „работа“. Тие не обрнуваат внимание на никого, се бакнуваат и се допираат по целата куќа, а особено интересна беше ситуацијата кога Меланија ја вовлече раката во гаќите на Пјер додека се сончаа на лежалките во дворот.
Напалените Шпанци дури направија шатор од душеци и прекривки среде собата, за да можат да уживаат во страстите без некој да ги види и критикува.
{gallery}042013/BBS{/gallery}
| ТВ Пакет