Победник на реалното шоу „Big Brother“ во Бугарија е нашиот Никола Настески, познат како Лестер. Тој стана најомилената шоу ѕвезда во Бугарија. Додека Цеце, исто така Македонка, беше исфрлена од куќата еден ден пред самото финале. Како и да е, Лестер успеа да ја освои Бугарија во конкуренција со уште тројца финалисти.
Лестер е познат исто така и по учеството во „Big Brother“ во Србија, минатата година. Тој е манекен и забавно момче со што успеа да ги придобие симпатиите на бугарската публика. Изјави дека не очекувал да стигне до финалето, а уште помалку да победи. „Никогаш не сум се чувствувал вака во животот, и благодарам на Бугарија“, изјави Лестер низ солзи. Исто така дополни и оти луѓето не треба да се делат по националност и јазик.
Крис Манев | ТВ Пакет