Почетна / Сапуници / Благородничките се враќаат со нова сезона на МТМ телевизија

Благородничките се враќаат со нова сезона на МТМ телевизија

Една од најпознатите руски мелодрами и ремек дело на руската кинематографија, на задоволство на многумина се враќа со нова, втора сезона на малите екрани.

Од 7 јануари на прва скопска МТМ телевизија продолжува сагата за младите благороднички, сагата за едно далечно време кога мажите преку двобој ја бранеле честа на девојките, девојките наликувале на хероини од романите на Толстој, а љубовта успевала да ги надмине сите конвенции и перипетии од општеството.

По сите авантури и борба за љубов, Софија е веќе мажена за грофот Владимир и во новите продолженија ја гледаме како директорка на познатиот Институт на млади благороднички.

Во центарот на новите случувања се нови девојки, кои ги очекуваат непредвидливи и опасни ситуации. Лиза е една од новите благороднички, која решава да побегне со својот сакан Орлов, да се омажи и да ја напушти Европа.

Пред да замине, таа им остава порака на пријателките каде ќе биде венчавката, но таа црква не постои и девојките сфаќаат дека Лиза е киднапирана.

Овојпат, грофицата Софија и нејзиниот сопруг ќе ги превземат работите во свои раце за да ја спасат Лиза, но и да се изборат со сите криминали и тајни кои ги носи новото време во интернатот.

“Тајните на младите благороднички”, премиерно на прва скопска МТМ и останатите регионални ТВ станици ширум земјава. Од понеделник до петок во 21 часот со репризно издание наредниот ден во 17.30 часот и неделен омнибус за викенд.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!