Корисниците кои ќе склучат нов договор до 28-ми април добиваат попуст за понудените пакети
Телекомуникацискиот оператор „blizoo“ денес го отвори својот нов салон во Градскиот Трговски Центар во Скопје, а промотивниот настан беше соодветно одбележан со музичка забава, натпревар во мини фудбал на маса и подароци за сите присутни кои се „чекирале“ на Фејсбук од оваа продажна локација.
По овој повод, за сите нови корисници компанијата подготви специјални попусти на пакетите со услуги, кои ќе важат до 28-ми април. Поволностите опфаќаат можност за едномесечно бесплатно користење на пакетите со две услуги за сите оние кои ќе склучат нов договор на 24 месеци, а корисниците пак, кои ќе потпишат договор на 24 месеци за пакет со три услуги, истиот ќе можат бесплатно да го користат два месеци.
Новиот продажен салон на „blizoo“ во ГТЦ е сместен на почетокот од главниот влез, од страната на плоштад „Македонија“.„ГТЦ е избран како нова локација, со цел да бидеме по-”близу” до граѓаните. Новиот продажен салон на „blizoo“ произлезе од главната цел на компанијата, а тоа е постојана грижа за задоволување на потребите на нашите корисници и опслужување на нивните барања на најдобар начин“, изјавија од операторот.
Телекомуникацискиот оператор постојано ја шири својата мрежа и во моментов опфаќа околу 170 илјади домаќинства во шест града: Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип и Прилеп. На своите корисници „blizoo“ им нуди комплетни телекомуникациски услуги: супер-брз неограничен оптички интернет, дигитална телевизија со најголем избор на HD канали и фиксна телефонија без месечна претплата, по цени достапни за сите.
Chris | ТВ Пакет