Почетна / МК Сцена / Бобан Клењоски од „Фидбек“ стави крај на ергенскиот живот

Бобан Клењоски од „Фидбек“ стави крај на ергенскиот живот

 

По 10-годишна љубовна врска, Бобан Клењоски (клавијатурист и вокал) од популарниот македонски бенд „Фидбек“ стапи во брак со прекрасната скопјанка Фросина Лековска.

 

 

По потекло, Бобан е од Струга, но живее во Скопје, додека сопругата Фросина е родена скопјанка. Младоженците свадбата ја направија во Хотел Амбасадор во Охрид.

 

 

Со цел да ја изненади својата сопруга и на интересен начин да ја запроси, клавијатуристот Бобан Клењоски закачил прстен на ремчето на кучето и го пратил кон својата сакана, а Фросина со солзи радосници ја прифатила понудата да го промени своето презиме и да стане госпоѓа Клењоска.

 

 

За слободните девојки, во бендот „Фидбек“ има уште двајца млади ергени кои се уште не стапнале пред лудиот камен, тоа се вокалот Јане Славов и бас гитаристот Стефан Петрушев.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!