Денешното неделно интевју го правиме со српскиот пејач Бојан Бјелиќ. Ексклузивно и само за ТВ Пакет, Бојан открива зашто не се сними спотот за песната „Мора“ кој требаше да биде со хорор приказна.
Зборуваме за Македонија, за неговите настапи. Во продолжение прочитајте го ексклузивното неделно интервју со Бојан Бјелиќ.
1.Здраво Бојан, кажи ни најпрво како си?
– Здраво и тебе. Благодарам на прашањето, не е лошо.
2. Како го поминуваш последниот ден од неделата?
– Главно се одморам од викендот, ако е убаво времето се обидувам да бидам што повеќе надвор, баш како што е случајот денес. Дружење со пријателите, фамилијарен ручек и друго.
3. Неодамна сними песна со ДЈ Тоја и МЦ Тоба која го носи насловот „Балканска труба“, како е прифатена од публиката?
– Точно пред неполн месец ја објавив новата песна „Балканска труба“ каде им гостувам на двајцата момци во песната. Јас сум многу задоволен како е прифатена кај луѓето, особено во Босна. Се пушта по сите дискотеки, луѓето ја пејат на моите настапи иако неодамна излезе, така да јас сум задоволен. Излегоа доста коментари и привлече внимание што мислам дека е добар сигнал.
4. Се најавуваше хорор приказна за песната „Мора“, но испаднаа само фотографии, што се случи?
– Сфатив дека премногу време ќе изгубам ако се посветам на спотот, а време е да работам на нови песни и да спремам нов сингл со спот за летово, а и да се позанимавам со песните за албумот, така да песната „Мора“ ќе остане без спот.
5. Која од твоите песни ти е омилена?
– Би рекол дека тоа е песната „Пролазна криза“. Можеби баш затоа што е балада со моќен текст и пораката која ја носи.
6. Настапуваш редовно низ Македонија, која песна публиката највеќе ја бара?
– Дефинитивно песната „То није љубав“ која стана особено популарна во Македонија со победата на „Охрид Фест“, и секако се бара највеќе песната „Експресно“ која е и мој најголем хит во досегашната кариера.
7. Дали планираш да снимиш дует со некој македонски пејач? И со кој би сакал да снимиш?
– Морам да признаам дека македонската публика навистина одлично ме прифати и оти тоа е најсрдечната публика од сите каде што сум пеел. Би сакал да снимам дует со македонски пејач и тоа на македонски јазик и на тој начин да и се заблагодарам на публиката за секој преубав настап кој сум го имал во Македонија. Многу ја ценам Калиопи, Каролина, Владо Јаневски, па ако се појави добра песна и заедничка желба, со некои од нив би снимил дует.
8. На што прво се сеќаваш кога некој ќе ти ја спомне Македонија?
– На срдечен и гостопримлив народ, одлична храна, преубави настапи и спомени кои ги имам години наназад.
9. Што правиш во слободно време?
– Слободното време го користам за гледање со блиските луѓе, семејството, на патувања, прошетки, спорт. Се трудам да најдам време за се иако не е лесно затоа што покрај музиката, држам свое музичко студио и кафуле во Белград, така да има работа преку глава.
10. Кој се грижи за твојот изглед?
– Воглавно сам се грижам за својот изглед и облека, освен кога се во прашање спотовите и фотосесиите каде ми е полесно да се консултирам со некој стилист и да ми ја смали барем таа обврска кога се такви настани во прашање. Секогаш го носам она во кое се чувствувам добро и имам некој свој изграден вкус и стил.
11. Што следно можеме да очекуваме од Бојан Бјелиќ?
– Во план е промоција на песната „Балканска труба“ по медиумите, подготвувам нов сингл и спот за летово, патем собирам песни за новиот албум кој ќе се појави на почетокот на следната година.
12. Со оглед на тоа дека имаш многу обврски, кога планираш да одиш на летен одмор?
– Па јас се надевам дека во септември затоа што нема да стигнам да одам на одмор пред летната турнеа и новиот сингл.
13. Што ти е омилено во твојата работа, а што те нервира?
– Омилено нешто во мојата работа се дефинитивно моите концерти и настапи каде имам можност за жив контакт со публиката и тоа е тој адреналин за кој и почнав да се занимавам со оваа работа. Исто така, сакам и да работам на нови песни, тој процес на создавање нови песни и работа во студио го сметам за креативна работа и уживам во тоа. Има многу нешта кои ме нервираат во оваа работа, најпрво тоа се луѓето кои се на работа и тие некои медиумски односи кои се целосно расипани. Суета, лицемерие и цврст желудник се нешто на кои морав со времето да се навикнам, иако не беше лесно. Но, имам свој пат, секогаш работам онака како што сакам и многу сум горд на тоа и на кариерата која ја изградив досега.
14. Која песна од колегите со задоволство ја пееш на настапите?
– Песната „Тајно моја“ од Тоше, затоа што моите почетоци во музиката се врзани за таа песна, многу е емотивна, посебна и омилена ми е за пеење. Тука има уште песни од моите колеги кои сакам да ги пејам и се трудам на своите настапи да пејам песни кои и приватно ги сакам и кои добро ми лежат, а не само оноа што е актуелно и што се бара.
15. За крај, кажи ни кога повторно ќе те видиме во Македонија?
– Штом договорам некој настап, најверојатно на лето ако не и порано.
Доколку сакате да ја погледнете летната фотосесија на Бојан Бјелиќ, кликнете ТУКА.
Автор | ТВ Пакет