Од 1. септември, Боом ТВ ја збогатува својата програмска шема со 4 нови канали, наменети за различни целни групи. Станува збор за 24Kitchen, BabyTV, OBN и Orlando Kids.
24Kitchen е наменет за сите љубители на готвењето и добрата храна. Каналот емитува единечни и сериски емисии, репортажи и патеписни емисии во кои главен фокус е ставен на храната и начините на нејзино приготвување. Единствено на 24Kitchen можат да се видат; исклучително популарниот холандски готвач и ТВ водител Рудолф Ван Вин, ултра популарниот британски готвач, кој своите емисии ги насочи кон популаризација на здравата храна – Џејми Оливер и еден од најпопуларните американски готвачи Ентони Борден чии репортажи насловени како `Без резервација` на уникатен начин ги промовираат различните култури во светот и нивните кујни.
BabyTV е канал наменет за најмалите гледачи на Боом ТВ! Програмата на овој канал е поделена во повеќе категории и истата опфаќа: емисии кои изобилуваат со музика и забава, емисии кои поттикнуваат на активна игра, емисии за запознавање на природата и животните итн.
Orlando Kids е канал наменет за најмладите гледачи на Боом ТВ, а програмата на овој канал, за разлика од програмата на BabyTV е наменета за деца над 3 години и истата опфаќа многубројни цртани серии кои децата ќе ги следат синхронизирани на Македонски јазик.
OBN е веројатно еден од најбараните канали на Боом ТВ! Овој канал е наменет за сите гледачи и истиот нуди богат избор на содржини и разновидна програма: вести, спорт, забавни емисии, телевизиски серии, и филмови.
Со четирите ново-воведени, Боом ТВ емитува вкупно 45 телевизиски канали наменети за различни целни групи, се со цел да ги задоволи вкусовите на што поголем број корисници.
Автор | ТВ Пакет