Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Видео | Бора од „Рибља чорба” : Јас ќе умрам на сцена

Видео | Бора од „Рибља чорба” : Јас ќе умрам на сцена

Легендарните „Рибља чорба”, неодамна имаа концерт во „Арена Борис Трајковски”. „Во текот на сите овие долги години постоење, одржаа безброј сјајни концерти низ кои поминаа многу генерации, генерации кои и ден денес се верни на нивниот звук така беше и овој пат. После толку продадени влезници, Бора и пријателите ги донесоа сите хитови во „Арена Борис Трајковски”.

Ако некому му прилега зборот легенда, тогаш тоа со сигурност е Бора Чорба – човекот кој својата рок филозофија веќе со денеции ја спроведува како свој животен стил. Уште од најрана младост предизвикуваше контрадикторни емоции кај публиката и додека едни ја оспоруваа неговата работа, другите уживаа во неговите песни и музика. Во својот богат живот, Бора имаше многу убави, но и тешки моменти, но при секој пад успеваше да покаже дека ништо не може да го сруши.

И после толку време, гитарите звучат исто, а песните останаа запаметени. Долг е патот позади нив, пат со многу победи и порази, но и покрај се „Рибља чорба” успееа да ја зачуваат својата автентичност. Отсекогаш претставуваа единствен спој на енергии, слобода и добра музика од кои произлегоа песни кои се за сечие време. Фронтменот на култниот бенд Бора, беше гостин во единствениот естраден магазин “Бекстејџ” , а што се тој кажа погледнете во видеото:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!