Секој ден на Сител телевизија се емитува новата турска драма “Борбата на мајката” – приказна за љубовта, за традицијата, за пожртвуваноста на една жена, една мајка, една голема и несебична грижа за нејзините деца.
Семејствата Карадаг и Ширхан со векови биле блиски, си помагале, се поддржувале и заеднички ја планирале иднината на нивните поколенија.
Во име на традицијата и закоравените обичаи, ќерката на семејството Карадаг, Мелек е верена со синот на семејството Ширхан, Халил и двајцата се принудени да се омажат еден за друг. И покрај нејзината неподготвеност за овој брак, Мелек не може да му се спротистави на строгиот татко и да ја погази дадената рака на човек кон кого ништо не чувствува.
На денот на нивната свршувачка, таа бега во Берлин со Алпај, човекот во кој е вљубена. По овој голем срам, семејствата никогаш повеќе не го спомнуваат името на Мелек која ја погази нивната традиција и ја извалка честта на семејствата.
За Сејит Али, неговата скапоцена ќерка е мртва, а Халил е единствениот кој не може да ја заборави Мелек и со години ги носи чувствата како товар во срцето. Мелек остава сè зад себе за да се омажи за Алпај, но работите таму, на другата страна на светот, не функционираат како што е планирано.
И покрај годините и трите деца кои веќе ги има, работите излегуваат од контрола, нејзиниот брак почнува да тоне, а таа ја дознава и страшната вистина за нејзината фатална болест.
И токму тогаш, кога се чини дека сите несреќи надвиснале над нејзиниот живот, Алпеј се разведува од неа и решава да го превзеде старателството над нивните деца.
Откако изгуби сè, откако стана сама и осамена, Мелек ги зема своите три деца и се враќа во татковината, онаму од каде избега во домот кој е нејзината судбина.
Во местото каде започна нејзината приказна, продолжува нејзината борба за своите деца и со своите деца. Мелек ќе сфати дека мајчинството не е откажување, туку борба поголема од онаа за себе.
Но, во таа борба, таа ќе мора да ја добие побараната прошка, да ја исчисти извалканата чест и онаму каде припаѓа нејзината душа, да ја прифати и засака љубовта на нејзиниот живот.
Дани | ТВ Пакет