Почетна / Сапуници / Брачни игри | Ве запознаваме со Чолпан од новата хит серија

Брачни игри | Ве запознаваме со Чолпан од новата хит серија

Чолпан е една од најпознатите адвокатки за семејно право во Истанбул која раководи со адвокатската канцеларија што ја презеде од нејзиниот свекор.

Чолпан е паметен стратег. Семејното право е многу непријатна област во правниот свет, но таа успеала и изградила успешна кариера што го ставила нејзиниот личен живот на втор план. Чолпан сама ги одгледала трите ќерки и станала студена и немилосрдна.

Но, таа е сепак духовита и не ја изгубила смислата за хумор. Иако работи 24 часа на ден, седум дена во неделата, на своите ќерки им обезбедила убав живот. Иако изгледа дека е алчна, реалноста е сосема поинаква. Кога нејзината ќерка Азра ќе се пресели во адвокатската канцеларија на Ерман Арсен, а нејзиниот поранешен сопруг Фарук ќе се врати, Чолпан ќе мора да се соочи со своето минато и новите проблеми кои доаѓаат.

Од понеделник до петок на Сител, следете ја приказната за Чолпан во “Брачни игри”. Современа драма во 19.50 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!