Гледачите пред телевизиските екрани шокирани, но не и публиката во салата во Копенхаген која силно скандираше и ја поддржа Кончита од Австрија која си замина како победник на најгледаниот фестивал во Европа, кој полека но сигурно се претвора во циркус, бидејќи жена со брада само таму има, нели?
Едно е сигурно, овогодинешниот претставник ги помести границите и следната година којзнае што ќе видиме на сцена. Многумина се согласија дека Кончита има навистина убава балада, но малку се оние што можат да го прифатат нејзиниот контроверзен изглед. Фаворитите останаа во позадина, а изведувачот на Австрија го привлече целото внимание.
На социјалните мрежи мислењата се поделени. Второто место го освои Холандија, исто така изненадување за сите, а третото пак Шведска која беше апсолутен хит.
| ТВ Пакет