Почетна / Филм / Балкански филмови во македонска кородукција празнично на Телма

Балкански филмови во македонска кородукција празнично на Телма

сабота (23 мај 2020), 19.10 часот – “Mission London” (2010)

Филм од 2010 година во режија на Димитар Митовски, кој е автор и на сценариото, заедно со Делјана Манева и Алек Попов. Сценариото е засновано врз истоимениот роман на Алек Попов. Главните улоги ги играат: Ралф Браун, Алан Форд, Томас Арана и Мето Јовановски. Филмот постигнал голем комерцијален успех во Бугарија и на Балканот.

Поради приклучувањето на Бугарија во ЕУ, во амбасадата во Лондон се подготвува концерт а задачата на новиот амбасадор Варадин е да се погрижи кралицата да присуствува.

Но со корумпиран персонал, криминални банди кои работат надвор од кујната, вљубувањето во стриптизета и мало недоразбирање со ПР агенција која обезбедува „копии на кралското семејство“ – неговата едноставна задача се претвора во хаотичен кошмар.

недела (24 мај 2020), 19.50 часот – “Takve su pravila” (2014)

„Такви се правила“ е повеќекратно наградуван филм на Огнен Свиличиќ и прв хрватски филм кој што по четиринаесет години без никаква конкуренција од Хрватска на Филмскиот фестивал во Венеција, ја освои публиката и освои награда за најдобар глумец што припадна на Емир Хаџихафизбегович. Филмот е во македонска копродукција.

Базирана според вистински настани, оваа тивка драма го отсликува бавниот и разочарувачки колапс на вербата во законите. Дејството се одвива во предградие на Загреб каде што удобниот живот на една средовечна брачна двојка се руши кога нивниот син ќе биде сериозно повреден во училишна тепачка. Нивните повторни барања за отштета преку законските канали се одбивани со студена незаинтересираност, што станува уште поболно поради нивното пасивно прифаќање и невозможноста за протест.

Режисерот Огњен Свиличиќ ги избегнува емоционалните клишеа, портретирајќи ги со сензитивност тивкиот јад и резигнацијата на двојката која е предадена од истиот систем на кој му биле покорени сиот живот и како тие се соочуваат со рушењето на нивниот свет на лажна сигурност, принудени да ги преиспитаат своите животи и своите убедувања.

понеделник (25 мај 2020), 19.10 часот – “Babai” (2015)

Филмот „Татко“ ја раскажува приказната на десетгодишниот Нори и неговиот татко Гзим кои за живот заработуваат продавајќи цигари во предвоено Косово во деведесеттите години на минатиот век. Гзим сакајќи да избега од минатото, планира да го напушти Косово без својот син, а момчето ќе стори сѐ за да го спречи својот татко во оваа намера.

„Татко“ е копродукција помеѓу „Нико Филм“ од Германија, „Продукција Круша“ од Косово, „Скопје филм студио“ од Македонија и „Eaux Vives“ од Франција, а беше финансиски поддржан од страна на релевантните национални филмски фондови: West German Broadcasting (WDR), Film und Medienstiftung (NRW), German Federal Film Board (FFA), Косовскиот филмски центар, Агенцијата за филм на Македонија, „Нордмедиа“, „Cinema Du Monde“, како и Германскиот јавен радиодифузен сервис WDR и француско-германската државна телевизија АРТЕ.

Дел од сцените на филмот се снимени во Македонија, на крајбрежјето на Охридското Езеро, известија од „Скопје филм студио“.

понеделник (25 мај 2020), 21.00 часот – “Види ја ти неа” (2017)

На 34. Филмски фестивал „Санденс“, најголемиот американски фестивал на независен филм, во конкуренција со 17 наслови од цел свет македонскиот филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столески ја освои наградата најдобар интернационален краток филм. Филмот е во продукција на Скопје филм студио и Црна мачка продукција.

„Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.

Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!