Сања Васиќ е вечерашен домаќин на Топ тема на Телма. Познатата дебатна емисија ја гледате вечерва во 19.15 часот, веднаш по централните вести.
Промени или заробени во избори? Политичарите пред одлука. Како изборите ќе влијаат на добивање датум за преговори со Европската Унија? Како Брисел го оценува темпото на реформи? Колку Македонија е подготвена да седне на преговарачка маса? На жешко столче вицепремиерот Бујар Османи наспроти Марко Трошановски, Симонида Кацарска и Александар Колекески од граѓанските организации – контролори на евроинтеграциите.
Дани | ТВ Пакет