Почетна / Сапуници / Булингот како тема во „Слушни ме!“, нова тин драма на Канал 5
Ова лето на Канал 5, тинејџерската драма "Слушни ме!"

Булингот како тема во „Слушни ме!“, нова тин драма на Канал 5

Еким и Лејла се две другарки, блиски како сестри кои живеат скромен живот во едно маало. Секогаш посакувале да учат во гимназијата Герчек, елитно средно училиште исклучиво за децата на богатите семејства, замислувајќи дека тоа е нов и преубав свет од оној на кој навикнале.

Еден ден, еден мистериозен човек со маска удира со својот автомобил во Лејла и бега од местото на злосторството, оставајќи го автомобилот на паркингот на елитното училиште.

Лејла останува во инвалидска количка, а нејзината другарка Еким гледајќи ја нејзината агонија, решава по секоја цена да го најде злосторникот и да се одмазди за тоа што ѝ го сторија на другарката.

Со цел да не се шири веста за несреќата, директорот на богатата гимназија решава да стипендира три ученици од населбата на Лејла и со тоа да ги поткопа муабетите кои се шират.

Па така, Еким, Бекир и Ајше се избрани да го започнат својот нов живот во најпрестижното училиште, но тие наскоро сфаќаат дека тоа училиште не е рајот за кој сонувале, туку пеколот кој допрва ќе го доживеат.

Разгалени, злобни и себични деца учат во тоа училиште, а булингот и понижувањата кон новодојдените стануваат секојдневие низ школските ходници.

Еким е шокирана од тоа што го доживува таму, но решава да издржи, да остане и да го најде оној кој ја згази нејзината другарка.

Во сиот тој суров и опасен свет, таа го запознава богатиот Канат, со кого започнува една интересна љубовна приказна. Но тука е Мелиса, ќерката на директорот која ќе направи сè за да ги раздели и да ја избрка Еким од средината во која не припаѓа.

Нова тинејџерска серија на Канал 5 телевизија. Од понеделник до петок во 21.20 часот ова лето ќе се емитува “Слушни ме!”, серија која ги актуелизираше модерните теми како булинг, врсничко насилство и класни разлики.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!