Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #003

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #003

#3то продолжение

 

 

 

Каталина полека доаѓаше при себе.

–       Смири се, Каталина. Сигурно ќе заборави на случката додека да полета авионот, – се тешеше во себе, чувствувајки како полека и исчезнува црвенилото од лицето.

Одеднаш вниманието и го одзема едно петгодишно момче, кое со својата мајка седеше на седиштата пред неа. Момчето со свирче во устата почна гласно да свири, со лицето завртен кон Каталина.

–       Изгледа ќе имаме исполнет лет, – му дошепна на господинот кој седеше до неа на седиштето.

Беше сериозен господин, кој немаше повеќе од педесет години. Носеше мустаќи и очила за читање. Само кимна со главата не тргнувајки го погледот од новината која ја читаше. По неколку секунди нервозно погледна на рачниот часовник. Ги извади очилата и ги стави во внатрешниот џеб на сакото. Ја зеде актовката в раце и стана од седиштето на кое седеше. Се упати кон тоалетот, во крилото на авионот.

            Во меѓувреме, Каталина го отвори својот лаптоп. Сакаше да ги провери мејловите пред да полета и да се забрани користење на електорнски уреди.

Чувствуваше како некој будно ја следи во секој покрет. Пред да го подигне погледот, малото  момче ја праша што е тоа.

–       Компјутер, – кратко и низ блага насмевка му одговори.

–       Дали е играчка?

–       Не, – додаде помалку нервозно. Се прашуваше како неговата мајка до сега не превземе нешто за да не разговара со странци. – Служи за работа, – додаде и ја внесе својата лозинка.

Го користеше само за работа. Како магистриран инжењер, веќе три години работеше за Фалкон Ерлајнс.

 

 

Ева Роблес работеше како секретарка од самото постоење на Фалкон Ерлајнс во нивната средишна зграда во Мексико Сити. Беше во своите рани педесети години, но со својата функционалност и посветеност за работата, уживаше во привилегии на фирмата и голема почит од страна на Лусијано.

Од својот млад шеф Мануел, доби задача да го пронајде Рафаел Уриостеги тоа претпладе.

–       Господинот Уриостеги замина рано утрово, г-дине Ламас, не кажа кога ќе се врати.

–       Во ред, Ева, – длабоко воздивна Мануел, пред да и даде знак на секретарката дека сака да биде сам.

Се потпре на работната столица и длабоко воздивна. Се прашуваше како би постапил неговиот брат Себастијан во ваква ситуација.

 

 

Линијата Мадрид – Мексико Сити се движеше по дадените координати. Откако Себастијан Ламас прецизно го подигна авионот, побара од стјуардесата да му донесе црно кафе. За шпанската авио компанија работеше веќе пет години. Две години како асистент пилот, а потоа и како пилот на долги релации.

Тоа утро не беше единствениот на кој му требаше кафе. Неговиот помлад колега и добар пријател кој беше ко-пилот на летот се протегаше и прозеваше.

–       Неспана ноќ?

–       До два останав на интернет. Што сакаш?

Себастијан се насмевна. Добро го познаваше Фредо и неговата порно зависност од интернет порталите.

–       Ми требаш буден барем уште половина час. Кога ќе бидеме во сината зона, спиј како јагне.

 

 

Каталина се обидуваше да заспие на своето седиште. Авионот штотуку полета па ги затворни ушните тапанчиња со памук. Секој пат страдаше од висок притисок при долги летови. Од стјуардесата побара чаша црвено вино. Погледна на седиштето до себе и се зачуди бидејки чудниот господин со мустаќи сеуште не беше вратен од тоалет.

 

 

 

Емператриз Ламас го паркира своето црвено порше во гаражата на зградата каде што се наоѓаше седиштето на Фалкон Ерлајнс. На себе носеше црни Прада очила за сонце и Дона Каран креација. Се качи во стаклениот лифт и притисна на копчето со број 23, каде што се наоѓаше канцеларијата на нејзиниот сопруг.

Без поздрав ја одмина долгогодишната секретарка на Лусијано.

–       Доња Емператриз, извинете. Дон Лусијано изјасни дека не сака да види никого.

–       Јас не сум „никого“ Ева. Јас сум му сопруга, – дрско и одговори и влезе во пространата канцеларија.

Лусијано Ламас го минуваше тоа претпладне во полумрачна просторија, со спуштени ролетни и пригушливо светло. Чувствуваше силна главоболка, па откако побара аспирин и чаша вода од Ева и нареди да не прима никого додека не и каже обратно.

Но, за Емператриз никогаш не постееа правила. Ја тресна вратата од канцеларијата и премина директно на расправија;

–       Може ли да знам што значи сета оваа маскарада, Лусијано?

Лусијано ја подигна главата. Пред него стоеше неговата најголема главоболка. Со црвената коса, со фустанот еден број помал одошто треба, со високите потпетици, Емператриз изгледаше многу ефтино.  Беше жена за пример дека класата се раѓа, не се создава. Личеше на барска пејачка по вечерен настап. Со текот на годините се повеќе ги согледуваше нејзините маани. Не беши ни до колена на Марија Клара, неговата прва сопруга, мајката на неговите синови.

–       Не знам за што зборуваш, Емператриз.

–       Зборувам за оваа лудост. Доаѓам од пилатес, кога гледам дека во нашата соба ги нема моите работи! Се спакувано во куфери. Како би го нарекол ти тоа?

–       Одлука, – и одговори кратко, гледајки ја со презир.

Како успешен индустријалец и бизнисмен пред се, Лусијано секогаш знаеше со прави зборови да им ја каже вистината на луѓето во лице.

–       За каква глупава одлука зборуваш?

–       Развод.

–       Бладаш.

Од фиоката извади плико доставено до него и го фрли пред неа на бирото.

Емператриз посегна по пликото во кое имаше фотографии снимени од далеку. Но сепак доволни видни слики од неа и нејзиниот љубовник. И се заледи крвта во вените.

–       Лусијано, – проговори со сува уста.

–       Поштеди се од понижувања.

–       Лусијано, љубов моја…

–       Не се ни обидувај! , – го повиши тонот. – Сакам да ја напуштиш куќата и да си најдеш свој дом. До тогаш, ќе живееме во оделни соби.

–       Лусијано, грешиш…

–       Погрешив кога те зедов за жена.

–       Морковче, погледни ме. Јас сум. Емператриз. Не можеш да фрлиш во безда седуманесет години брак.

–       Седуманесет години секојдневни лаги. Не те познавам.

–       Морковче…

–       Излегувај, Емператриз.

–       Лусијано, те молам.

–       Излегувај реков! Поради тебе го загубив најголемото богатство во мојот живот. Се надевам дека не е предоцна да го вратам. Излегувај, Емператриз. Не те сакам во моја близина.

Очите и се наполнија со солзи. Лажни солзи што би рекол Лусијано. Ја зеде чантата од бирото и ја напушти канцеларијата.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!