Итната помош набрзо стигна и Мелчор беше префрлен во болница. Во бунило ги побара Магдалена и Јулиса. Пред самата смрт сакаше да и ја открие долгочуваната тајна на девојката.
– Моите две сакани, – тивко прошепоте кога двете жени пријдоа до болничкиот кревет каде што старецот се бореше со смртта.
– Тука сме, тука сме да ти дадеме сила да закрепнеш, – солзите лиеа по лицето на Магдалена.
– Убава си како Росанхелика, мојата ќерка, – Мелчор и се обрати на Јулиса. – Росанхелика…Мојата Росанхелика…Твојата мајка која умре денот кога те роди, чедо мое.
Со широки зеници, Јулиса гледаше во старецот. За прв пат во животот го слушна името на својата вистинска мајка, жената која ја родила.
– Рудникот за злато некогаш беше мој, – продолжи старецот со своите горчливи сеќавања. – Но Вадо Фалкон сакаше се за себе. Ја заведе мојата ќерка Росанхелика за да ја искористи нејзината добрина и да и земе се. Не можевме да ја спречиме трагедијата. Кога стигнав веќе беше на прагот на смртта. Те држеше в раце. Ми рече “земи ја татко одведи ја далеку од злобата на Вадо”. Вадо не смееше да знае дека постоиш. Морав да и го ветам тоа на Росанхелика. Тој човек, тоа зло, Вадо Фалкон ми должи дваесет години затвор и животот на твојата мајка. Ме обвини за смртта на триесет рудари кои починаа денот кога ти се роди во рксплозија која тој ја наметна. Ми ги украде парите и дозволата и така ја стекна својата империја.
– Зошто не ми кажавте порано?, – го праша Јулиса, додека искри бес извираа од нејзините црни очи.
– Бидејки морав да го исполнам ветувањето дадено на твојата мајка. Да те држам далеку од злото на тој човек. Го излажав Вадо дека мојата ќерка родила син пред да почине. Те предадов на Магдалена, единствената светица која ја познавав.
Вадо погледна во Јулиса со сета насобрана љубов. Чувствуваше дека нема да живее уште долго и и должеше уште едно објаснување на својата внука.
– Парите и дозволата за рудникот ти припаѓаат тебе. Поврати ги назад. Одмазди ја смртта на твоите родители, Јулиса. Биди благословена, – додаде стариот Мелчор пред да им подлегне на раните.
Држејки ги рацете на својот дедо, Јулиса се заколна дека ќе ја одмазди смртта на своите родители. Дека ќе ја симне клеветата од името на својот дедо и дека ќе го одмазди убиецот.
“Дорада“ беше вистински замок во кој што живее царот на златото, вела мештаните.
Тоа пладне, владееше вистински метеж во куќата. Сите со нетрпение го очекуваа новиот управник кој требаше да го дигне од сиромаштија заспаниот провинциски град, ветувајки подобри услови за работа и поголеми плати во рудникот и топилницата за злато.
Дамијана Роблес, ќерката на Ребека, единствената сестра на дон Вадо, со нетрпение го очекуваше враќањето на Ектор во куќата. Дамијана беше преубава и амбиционза инжењерка која ништо не можеше да ја спречи во своите намери. Му завидуваше на својот вујко за богатството и моќта и нејзина најголема амбиција беше еден ден да му одземе се што има, со цел да му се одмазди за омаложувањата кои ги претрпе во детството.
– Што се случило во топилницата?,- бесно ја праша Вадо кога младата жена слезе во салонот.
– Тоа што го слушна, – му одговори ладно. – Несреќа.
– Не е несреќа туку саботажа и ќе откријам кој стои зад истата! Слушнав дека некој работник го загубил животот. Знаеш ли за кој се работи?
– Некој бездленик со име…Мелчор Рентеира, – ладно одговори Дамијана.
Ваквото име како експлозија одекна во главата на Вадо. Мелчор беше единственото име кое можеше да го доведе до одамна загубениот син. Но, Мелчор сега ја имаше понесено својата тајна со себе во гроб.
Неговите мисли ги прекина Мистика, старата домарка која со години работеше во куќата. Мистика со години беше вљубена во дон Вадо и му беше крајно верна. Понекогаш си признаваше дека ја работи работата само да биде покрај него.
– Пристигна младиот господин, дон Вадо, – го извести домарката.
– Најпосле, – одговори нервозно и се упати кон излезот на куќата.
Магдалена и Јулиса го одржаа опелото на Мелчор во пансионот на Магдалена Голондрина. Многу негови пријатели дојдоа да му донесат цвеќе и да се збогуваат со старецот во ресторанот кој го држеше Магдалена. Луѓето шепотеа и озборуваа. Зошто Магдалена не ја предвидела несреќата и зошто го нема Тристан, човекот кој најмногу му помогна на старецот за време на несреќата.
Беше доцна вечерта кога Тристан зачекори во куќата. Го дочека Кристела, една од штитеничките на Магдалена која го прими цвеќето за покојниот.
– Дојдов да и изразам сочуство на фамилијата, – и се обрати Тристан.
– Мојата кума не сака да зборуа со никој. Вели дека душата на мртвиот бдее во просторијата. Јулиса е со неа.
– Која е Јулиса?, – праша Тристан.
– Ќерката на Магдалена, – додаде Кристела.
– Не знаев дека ќерката на Магдалена е во градот.
– Се врати од Виљаермоса кога матурираше. Сега е дома со својата мајка.
Целата послуга на дон Вадо се најде во пространиот хол на куќата со цел да го дочека посинокот на господинот. За кратко, стројниот и атрактивен млад маж се појави помеѓу присутните.
Саграрио Фуего, готвачката во куќата не можеше да го сокрие срце лупањето. Младичот кој триумфално се враќаше од студии, не беше никој друг него Сантијаго Фуего, нејзиниот син.
Дон Вадо стана од фотељата и пријде да го прегрне својот миленик и штитеник. Ни самиот не очекуваше дека еден ден ќе израсне во толку убав и згоден млад маж. Немаше сомнеж дека тој младич е вистинскиот избор да биде наследник на неговото богатство.
Послугата, добро извежбана за ваквите настани, немаше право да направи ниту една грешка. Се мораше да функционира беспрекорно. Лицето на дон Вадо блескаше од задоволство. Не можеше да направи подобар избор.
По вечерата, фамилијата пријде во дневната просторија на кафе и десерт. Дон Вадо задоволно му се обрати на Ектор.
– Се што ти треба сега е една убава жена покрај тебе.
– Наздравувам за тоа, дон Вадо, – Ектор ја подигна чашата со пијалок.
– Белки нема ти да му избираш жена, вујко, – иронично се замеша заводливата Дамијана.
– Никој не те праша за мислење, – дрско и се заврте Вадо на својата внука. – Сакам да зборувам насамо со Ектор. Излезете и ти и твојата мајка.
– Дон Вадо, – Ектор се обиде да ја смири ситуацијата.
– Не е важно, Ектор. Добра ноќ…вујче, – цинично дофрли Дамијана и заедно со својата мајка ја напуштија просторијата.
– Ме понижи пред Ектор, каков срам, – Дамијана кипеше од бес кога со својата мајка излегоа во холот.
– Не е новост тоа што Вадо не не смета за пожелни, – одговори Ребека, низ годините помирена со третманот на својот брат.
– Тоа е затоа што си побегнала со оној ништожник, – беснееше Дамијана. Никогаш не и прости на својата мајка што се вљубила во обичен работник и што е ќерка на никој и ништо.
– Тој ништожник како што го нарекуваш беше твој татко и љубовта на мојот живот.
– Мојот татко беше несреќник кој ги потроши твоите пари од наследството на жени, – Дамијана повторно и префрли на својата мајка. – Да си направела подобар избор, твојата фамилија немаше сега да не третира како послуга.
– Не е тајна дека Вадо никогаш не ме сакал. Скоро сум сигурна дека би не оставил на улица. Сега неговиот пулен е тука…Ектор Фалкон.
– Мојот иден сопруг, – триумфално додаде Дамијана. – Нема да седам мирна додека Екор не биде мој…само мој!
– Вадо никогаш нема да го дозволи тоа!, – Ребека ја опомена својата ќерка. –Убаво кажа вечерва дека му треба жена, но таа жена нема да бидеш ти, Дамијана.
– Ќе видиме за тоа.
Во меѓувреме, Ектор и дон Вадо разговараа за случувањето во топилницата.
– Наскоро ќе дознаеме кој е виновникот, дон Вадо. Оставете ми го случајот на мене.
– Не сакам да се оптоваруваш со смртта на тој работник, – инсистираше Вадо. – За тебе имам други планови. Всушност се работи за една услуга. Сакам да се појавиш на погребот на Мелчор Рентеира. Тој човек има оставено внук. Сакам да знам кој е и како се вика.
Следното утро, Ектор го исполни барањето на Вадо. Се појави на гратските гробишта каде што беше закопот на стариот Мелчор Рентеира. Откако се распраша која е Магдалена, пријде до жената.
– Дали сте вие неговата вдовица?, – ја праша.
– Исто како да е, – одговори Јулиса наместо својата мајка.
Здогледувајки ја убавата девојка, Ектор застана да се претстави.
– Ектор Фалкон, госпоѓице. Новиот управител во рудникот за злато. Смеам ли да знам која сте вие?
– Посвоената ќерка на Мелчор, – набрзина одговори Магдалена во име на Јулиса. – Мелчор немаше фамилија. Само еден внук за кој никогаш не дозна ништо.
– Во име на вработените во рудникот, во мое име и името на мојата фамилија, примете длабоко сочувство.
И покрај големата болка која ја чувствуваше Магдалена најде сила да му се спротистави.
– Сакаме живи работници, не мртви, господине Фалкон.
– Дозволете ми да ги подмирам трошоците за погребот…
Јулиса размислуваше брзо. Во младиот господин виде можност да се доближи до фамилијата Фалкон и да ја исполни одмаздата која му ја вети на својот дедо.
– Нема потреба да ги подмирите трошоците за погребот. Но, имам едно барање.
– Се што треба, госпоѓице.
– Потребна ми е работа, – набрзина одговори Јулиса.
– Секако. Не знам за вашите квалификации, но јас го создавам мојот тим. Потребна ми е асистентка…
– Не сум заинтересирана за работа во канцеларија. Сакам да работам во рудникот!
– Но, тоа е машка работа, госпоѓице…
– Сакате да кажете дека нема да се снајдам само затоа што сум жена?
– Не реков нешто такво…
– Тогаш дозволете ми да работам во рудникот за злато.
Работата во рудникот, под пригушливите светла, со шлемовите на глава, километри под земјата беше тешка и напорна работа за секој маж. Но, желбата за одммазда и ликот на нејзиниот дедо во потсвеста ја тераше Јулиса да ги преброди сите напори и да ја работи истата работа како и Мелчор. Облечена во униформа и со шлем на главата заедно со останатите вработени влегуваше во отворот каде што започнуваше рудникот за злато. Тристан Фуего, шефот на смена под око го гледаше новиот вработен. Секогаш беше скептичен за новите, особено кога некој нов требаше да замени добар рудар како што беше Мелчор.
– Еј ти, – му довикна на работникот.- Ми кажаа дека почнуваш денес, но не се знаеме. Јас сум Тристан Фуего, твојот раководител.
Јулсиа само без збор му ја подаде својата рака. Носеше ракавици па не можеше прстите да откријат дека зад униформата се крие жена.
– Не е културно да не се претставиш. Извади го шлемот. Сакам да те видам.
Јулиса направи чекор наназад и потрча кон рудникот. Тристан тргна по неа. Ја дофати на влезот во рудникот на девојката силно се бранеше. Кога и го тргна шлемот, сенка на изненаденост прелета преку неговото лице. Што бара овде преубавата девојка од локалот на Магдалена, се запраша?!
Не можеше да дозволи една девојка да бара руда и да копа со останатите мажи.
– Вие сте девојка!
– Ја добив чесно работата и оставете ме да работам.
– Нема да дозволам една жена да го ризикува својот живот на вака опасно место. Нема да ве пуштам во рудникот, бар не во моја смена!
Но, Јулиса не се предаваше така лесно. Никој нема да се ослободи од неа додека не му се одмазди на Вадо Фалкон. Направи чекор кон скалите кои водеа под земја, но Тристан ја задржа со својата силна рака. Јулиса се обиде да ја повлече својата рака, но беше залудно. Борејки се двајцата паднаа на земја. Наоѓајки се во близина на нејзиното убаво лице, Тристан сфати колку е преубава и необична.
Ниту Јулиса не остана рамнодушна на неговата убавина. Тој имаше руса коса и светли очи. Чувствувајки го неговото цврсто торзо на своите гради чувстваше дека срцето ќе и излезе. И во еден момент, неочекувано ги почувствува неговите полни усни на своите. Јулиса не знаеше што да направи. Беше збунета. Бакнежот беше страсен и врел истовремено, ја почувствува вибрацијата на целата своја кожа и потпрена на страста, му се предаде со истата сила.
ПРОДОЛЖУВА