Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #007 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #007 | ARDIENTE PASIÓN

 

Тристан не можеше да поверува во зборовите на Јулиса. Знаеше дека Вадо Фалкон е подготвен да уништи цела фамилија, да разделува луѓе, но убиец?

–          Дали си сигурна во тоа што го зборуваш?

–          Вадо ја оженил  ќерката на мојот кум само за да го добие налсдството и рудникот.  Го наместил Мелчор за експлозијата во рудникот…

–          Поради тоа Мелчор помина дваесет години во затвор, – заклучи Тристан. Отсекоаш знаел дека Мелчор беше невино обвинет но никогаш не знаеше зошто и кој стои зад злосторството.

–          Се сеќавам на неговите тажни очи кога стоеше зад решетките и правеше планови за денот кога ќе го ослободат, – низ солзи се сеќаваше Јулиса. – го дочека тој ден, но демонот го уби без да го остави да му се радува на животот.

–          Пред многу години, кралот на златото ми одзема нешто многу вредно и за навек ја раздвои мојата фамилија, – додаде Тристан, бришејки ги созлите на Јулиса. – Но, јас и ти заедно можеме против него.

–          Многу добро знам кој ќе ме одведе до него, – со сигурност додаде Јулиса.

–          Кој?

–          Ектор Фалкон.

 

За случувањето во топилницата и смртта на Мелчор Рентеира мораше да се најде виновник, а Дамијана не сакаше товарот на вина да падне на нејзиното рамо. Мораше да најде некој на кој што ќе падне вината. Но, за да го оствари својот план, Дамијана мораше да најде соучесник. По долго размислување, заклучи дека Антолин, кој што беше надлежен за безбедноста во топилницата е најпогодната личност за тоа. Антолин со години беше вљубен во неа и Дамијана го знаеше тоа. Сега беше вистински момент да ја искористи таа шанса. Го договори да излезат на заедничка вечера.

–          Кога ми јави дека сакаш да се видиме, не можев да поверувам. Изгледаш преубаво, Дамијана, како и секогаш, – искрено и призна Антолин кога се најдоа во ресторанот. – Ти си најубавата жена во градот.

–          Отсекогаш си бил галантен, – благо му се насмевна Дамијана. – Те поканив на вечера бидејки сакам да зборуваме за мене, тебе и …работата.

–          Кога ми се јави да ми кажеш да ги запалам сите документации на Тристан Фуего, знаев дека нема да застанеш на тоа само. Вадо е бесен поради смртта на работникот. Ја сака твојата глава.

–          Внимавај што зборуваш, Антолин. Никој не може да ме обвини за ништо без докази.

–          Наредбата да се топи на максимална топлина беше твоја, Дамијана. Ти кажав дека е опасно поради неисправноста и староста на лонците, но ти инсистираше.

–          Ти си амбициозен млад човек, Антолин. Верувам дека знаеш колку сум ти потребна за да успееш.

–          Вадо не е глупав. Знае дека ти си вмешана.

–          Но, ти ќе направиш секој сомнеж да се тргне од мојот грб.

–          За што? Одамна сфатив дека ти имаш очи само за еден маж…Ектор Фалкон.

–          Не заборавај дека зборуваш за твојот шеф, новиот налседник на рудникот, – го потсети Дамијана.

–          Во неговите амбиции нема место за тебе, се надевам ќе го сфатиш тоа.

–          Ектор е единствениот кој може да се справи со мојот вукјо.

–          Премногу веруваш во него, Дамијана. Ќе те искористи, – ја предупреди Антолин.

–          Не ме потценувај, Антолин. Не ме познаваш доволно. Ништо нема да постигнеш ако ме кодошиш пред Ектор.

–          Само сакав да те предупредам…

–          Кои се твоите амбиции, Антолин?, – Дамијана нетрпеливо го прекина.

–          Сакам да те имам тебе, – искрено и одговори по краток молк.

–          И ќе ме имаш. Се што треба да направиш е да ја тргнеш вината од мојот грб и да го закопаш шефот на смена… Тристан Фуего.

 

Пријатна летна вечер се спушти околу Дорада, мансионот на дон Вадо. Додека Вадо и Ектор ја чекаа вечерата, кралот на златото значајно погледна во својот пулен.

–          Сакав да зборувам со тебе, Ектор, за позицијата на мојата внука Дамијана во топилницата.

–          Знам дека сакате да ја отпуштите, дон Вадо.

–          Точно, – одлучно потврди кралот на златото.

–          Бидете трпелив. Почекајте да заврши истрагата, – го смируваше Ектор.

–          Никогаш сум немал доверба во неа.  Дамијана не е незаменлива. Особено сега кога е виновна за смртта на Мелчор и скандалот.

–          Простете, дон Вадо, но сметам дека ја потценувате вашата внука. Никој сеуште не докажал дека е виновна за случувањето и смртта на стариот Мелчор од друга рака Дамијана е образована жена и добар раководител.

–          Тие дипломи…не се никаква гаранција. Ништо не работи како што треба.

–          Иако Дамијана не зборува за тоа, знам дека Вие сте најважниот  човек во нејзиниот живот, дон Вадо.

–          Ќерката на ништожникот никогаш нема да биде како мене, – горчливо додаде дон Вадо. Никогаш не и прости на својата сестра што побегна од семејниот дом за да биде со обичен рудар, таткото на Дамијана. – Никогаш не требаше да ги примам назад, ниту неа ниту нејзината мајка.

–          Се што знам е дека Дамијана ми е потребна за да ја водам топлиницата, но одлуката е ваша.

–          Поради неа, топилницата и рудникот се на лош глас. Каде и да е рударите ќе почнат да заминуваат, ќе ми пратат инспекции за работа. Се поради неа. Поради Дамијана. Не ја сакам ниту во мојата фирма, ниту во куќава.

–          Смирете се, дон Вадо, – го тешеше Ектор, кога Хосефина пријде до трпезата да ја послужи вечерата.

–          Ако ја сакаш мојата внука за љубовница тоа е твој проблем, но јас не ја сакам во мојата куќа ниту во мојата империја која со години ја градев.

–          Имајте доверба во мене, дон Вадо. Оставете на мене да одлучам што ќе правам со Дамијана.

–          Хосефина, – дон Вадо и се обрати на младата слугинка. – Оди и викни ги оние безработнички да слезат на вечера, – мислеше на својата сестра Ребека и нејзината ќерка Дамијана.

–          Веднаш дон Вадо, – рече девојката и ја напушти трпезаријата.

–          Можеби Ребека нема да сака да слезе откако минатиот пат ја истеравте од дневната просторија, – забележа Ектор.

–          Додека сум јас господар во оваа куќа никој нема право да ми се лути за ништо. Да наздравиме за тоа, – додаде свечено и ја подигна чашата со вино. – Ќе ги почекам резултатите од истрагата, како што бараше од мене – додаде дон Вадо. – Но биди внимателен со Дамијана. Нема да дозволам мојот пулен да и биде марионета на таа безобразна кокета. Дамијана те гледа како виза за својата иднина.

–          Дамијана не е мојата иднина, дон Вадо. Јас самиот ќе ја изберам мојата идна сопруга. Сакам да имам своја фамилија што поскоро, – додаде Ектор.

–          Сеуште си млад. Со тој изглед и позицијата на која си, можеш да ги имаш сите жени кои ќе ги посакаш.

–          Извинете, – ги прекина Хосефина кога се врати во трпезаријата. – Доња Ребека има главоболка и легнала порано, а госпоѓица Дамијана не е дома.

–          Уште подобро. Ќе вечераме во мир. Послужи ја вечерата, Мистика, – и нареди на домарката која цело време стоеше на страна и чекаше да биде побарана.

–          Пробајте ја салатата, господине. Јас лично ја направив.

–          Што е ова?, – дон Вадо ја исплука храната од уста и ја фрли вилушката откако ја вкуси салатата.

Настрана, младата Хосефина ликуваше. Нејзината мала интрига се покажа како успешна. Претходно во салатата стави доза горчлива течност, не беше отровна но беше доволно горка за да го уништи вкусот.

Мистика шокирано гледаш. Не знаеше каде погрешила бидејки самата ја правеше салатата за својот господин, откако ја отпутши Саграрио тоа утро.

Хосефина ликуваше бидејки отсекогаш сакаше да ја понижи Мистика пред господарот, бидејки се правеше како да е господарка на куќата кога тој не беше дома. Со оваа пакост знаеше дека господарот ќе сака да ја варти Саграрио назад.

–          Не разбирам што се случило, господине, – се правдаше Мистика. – Јас лично ја подготвував. Сакате нешто друго?, – го праша загрижено гледајки во него.

–          Каде е говачката?

–          Ја отпуштив.

–          Зошто? Саграрио е одлчна готвачка, каква што очигледно ти нема никогаш да бидеш…Сакам Саграрио веднаш да се врати!

 

Саграрио веќе беше на прагот пред Дорада. Мораше да зборува со Мистика. Хипотеката на куќата требаше да се плати а ратата не стигаше од заработувачката на нејзиниот син Тристан. Парите кои им ги праќаше Ектор сите овие години не смееше да ги подигне од банка бидејки Тристан не и дозволуваше. Го победи својот страв и се појави пред вилата. Пред се, тоа го правеше за својот син Ектор. Работата во куќата беше единствен начин да биде покрај него.

–          Саграрио, од каде ти овде?, – изненадено ја праша Хосефина кога ја виде во кујната.

–          Одвај се осмелив да дојдам…Сакаат да ми ја земат куќата. Очајна сум, Хосефина. Тристан нема пари за да и го платиме долгот на банката.

–          Се што можам да ти понудам е мојата скромна заштеда, – понуди Хосефина.

–          Мене ми треба работа, Хосефина. Може ли да зборувам со Мистика?

Кога Мистика се врати назад во кујната со расипаната салата, ја затекна Саграрио.

–          Што барате овде, Саграрио? Ви исплатив и ви кажав дека повеќе нема да работите.

–          Сослушајте ме, ве молам, – возбудено рече Саграрио. – Ве молам, госпоѓо Мистика, дајте ми уште една шанса. Сакаат да ми ја земат куќата, да ме исфрлат на улица.

–          Не ме интересира твојот живот, – фригидно и одговори Мистика.

–          Ве молам, госпоѓо, вратете ме на работа, – молеше Саграрио. – Ќе работам и како слугинка.

Мистика застана. Не сакаше да ја врати готвачката иако Вадо веќе и нареди да ја врати назад. Да се задоволи дон Вадо и беше приоритет.

–          Во ред, можеш да останеш. Земи чиста униформа. Го знаеш правилото. Се што ќе скршиш ќе ти биде одбиено од плата. Нема посети, разговор на телефон ниту излез за време на смена. Биди тука во пет наутро.

Саграрио беше задоволна.

–          Во ред, ќе бидам тука во пет, – рече благодарно.

–          Како тоа ќе бидеш тука во пет? , – зачудено ја праша Мистика. – Вечерва ќе спиеш овде. Појадокот треба да се подготви.

–          Мојот син Тристан ќе се загрижи. Не му кажав каде одам.

–          Тоа не е мој проблем, – ладнокрвно и одговори Мистика.

–          Можам вечерва да го подготвам појадокот и да дојдам во пет изутрина.

–          Јас го кажав своето. Тоа се моите услови. Земи или остави, Саграрио. Во седум часот појадуваат газдата и инжињетрот а ти треба да го послужиш појадокот, – одлучно додаде Мистика и ја напушти кујната.

Саграрио немаше излез. Поразено ја облече новата униформа. Меѓутоа, една мисла не и ја напушташе главата.  Како ќе го сервира појадокот кога Ектор не смее да знае дека таа работи во куќата?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!