Дамијана успеа да се извлече од силните раце на двајцата чувари кои ја изнесоа од нејзината веќе поранешна канцеларија.
– Пуштете ме! Не ми треба вашата помош, самата можам да излезам.
Додека се бореше со обезбедувањето, во холот наиде на Ектор.
– Види на кој стап ме доведе мојот сакан вујко.
– Самата си виновна, – и префрли тој. – Виновна си што му веруваше на човек како Антолин.
– Што ќе правам сега, Ектор?, – очите на Дамијана се исполнија со солзи. – Работата ми беше се што имам, а сега…Сега сум исфрлена како куче од сопствената канцеларија.
– Дојди со мене, – Ектор и ја подаде својата рака и ја поведе кон својата канцеларија. Не знаеше зошто, но одеднаш му стана жал за таа девојка.
Дон Вадо беше вознемирен од фактот дека Матакан е единствениот кој знае која е вистинската мајка на Ектор и се плашеше дека не баш бистриот Матакан ќе ја отвори устата кога не треба и пред кој не треба.
– Те викнав да те потсетам дека никој друг освен нас двајцата не смее да знае која е мајката на Ектор, – го опомена својот верен потрчко кога го повика во библиотеката во вилата.
– Секако дон Вадо.
– Се плашам дека од твојот мозок можа да добијам непромислена реакција. Ако го разврзеш јазикот, ни кучињата нема да ти го најдат крајот Матакан.
– Никогаш не сум ве изневерил дон Вадо, ниту ќе ве изневерам.
– Единствен роднина на Ектор сум јас. Како што сум и твој, Матакан. Затоа, еден погрешен збор, еден пропуст и ти си мртов човек.
– Разбирам, дон Вадо.
– Во ред. Што е со огласот кој ти реков да го објавиш?, – дон Вадо ја промени теата откако го виде стравот во очите на младиот човек.
– Излезе во сите весници како што наредивте, дон Вадо.
За да ги потврди своите зборови, Матакан посегна по неколкуте дневни весници на бирото и му ги подаде на господарот. Задоволна насмевка се развлече на лицето на дон Вадо, додека читаше;
– “Магдалена и нејзините асистентки. Млади, убави и нежни, ги нудат своите масажерски услуги кои ќе ги исполнат вашите соништа. Дискрецијата е загарантирана. Ве очекуваме во пансионот Голондрина на улица…“
– Одлично, – задоволно ликуваше Вадо, па посегна по другиот весник.
– “Магдалена, вешта да задоволи ги нуди своите услуги на мажи од секоја доба. Ве очекуваме во пансионот Голондрина…“
– Би сакал да бидам мува во пансионот на таа жена за да и ја видам фацата кога ќе почнат да ја бараат клиенти, – злобно се пошегува Матакан.
– Магдалена не е ни свесна со кого си игра, – гласно помисли дон Вадо, поклопувајки ја новината.
Тоа утро Магдалена го подготвуваше појадокот во пансионот, додека малиот Хосе Фрихол и помагаше да ја сервира трпезата.
– Намести го приборот на масата и постави ги салфетите до чиниите, малечок, – нежно му нареди Магдалена.
Магдалена со љубов го спремаше појадокот за своите девојки, кога до неа во кујната дотрча Хосе.
– Колку пати сум ти кажала да не трчаш во куќата, Хосе?
– Магдалена, еден господин сака да те види.
Магдалена ги избриша рацете од кецелата и излезе од кујната да види за што станува збор. Во холот пред неа стоеше непознат маж, на околу четириесетина години, угледен и претставителен.
– Вие сте Магдалена Ромеро?
– Повелете.
– Добар ден. Дојдов поради огласот во венсикот.
– Каков оглас?, – зачудено го праша Магдалена. – Мора да станува збор за некое недоразбирање господине. Моите соби ги издавам само на девојки. Освен тоа, веќе сме полни со гости, пансионот е букиран до…
– Не, не, госпоѓо, не сум тука да рентам соба. Дојдов за да бидам со некоја од вашите девојки.
– Како се осмелувате?, – избувна Магдалена, па пред да продолжи го испрати малиот Хосе Фрихол назад во кујната.
– Вие сте Магдалена Ромеро? Жената од огласот која нуди задоволства…
– Не знам за каков оглас зборувате, но сигурна сум дека се работи за невкусна шега! Мојот пансион и моите девојки се чесни. Излегувјте одовде! Напуштете го мојот дом пред да ви повикам полиција!
Дамијана и Ектор се повлекоа во неговата канцеларија. На некој начин се чувствуваше должен кон неа. Му беше пријателка и сојузничка со години. Знаеше во колку лоша ситуација се наоѓа, но истовремено мораше да ја сочува и својата позиција во фирмата.
– Нема само јас да страдам и плаќам за нешто во што бевме и двајцата, – го потсети Дамијана. – Како можеш да ме оставиш сама во ова, Ектор?
– Јас не те оставив сама! Твојот соиграч Антолин Варгас те стави во оваа каша.
– Сите ме користат, – очите на Дамијана се исполнија со солзи. – Антолин ме користеше додека не го доби она што го сака. Истото ми го направи и ти.
– Немаш право да ме обвинуваш за ништо Дамијана! И знаеш што?! Не им верувам на твоите лажни солзи! Бог знае дека сакам да ти помогнам, да те извлечам од ова, но ти само ме разбеснуваш…
– Прости, прости ми Ектор. Знам..знам дека си добар човек…Ти си најдобриот маж кој сум го имала, – додаде гледајки го во очи. – Вети ми дека ќе ми помогнеш. Дека нема да ме оставиш на улица.
– Ќе вида што можам да направам. Ќе зборувам со дон Вадо, но не ти ветувам многу.
– Ти благодарам, ти благодарам, Ектор, – рече низ широка насмевка прилепувајки се за неговите цврсти гради. Додека го држеше во прегратка, во себе подло помисли;
– „Ако Вадо ме исфрли од вилата како што ме исфрли и од куќата, ќе те повлечам тебе и Антолин со мене во пеколот.„
Откако го истера непознатиот човек од својот пансион, Магдалена веднаш знаеше чие масло огласот во весникот. Кога девојките слегоа долу на појадок, Магдалена ги извести за несолената шега на Вадо и ги предупреди што може да очекуваат во наредните денови додека огласот е актуелен.
– Добро, како тој човек нема срам?, – избувна Јулиса. – Малку ли му беше она што го испиша на ѕидот, сега и ова…
– Магдалена, – се слушна гласот на Кристела, влегувајки во трпезаријата. – Неколку господа те бараат во холот.
Магдалена и девојките не можеа да поверуваат кога ја видоа толпата мажи насобрана во холот на пансионот.
– Господа, знам дека сте дојдени поради огласот во весникот, но тоа не е мое дело, – им се обрати на мажите од разни возрасти. – Ова е дело на ѓаволот кој сака да ја извалка мојата чест и честа на девојките кои живеат со мене во пансионот. Мојот живот е чесен и немам потреба да ја покажувам мојата ечст пред никого. Ова е мојата ќерка, – покажа на Јулиса па додаде. – Ја израснав да биде чесна и да држи до своите принципи. Меѓу вас гледам познати луѓе. Повеќето ме знаете многу добро и знаете која сум. На многумина од вас им имам помогнато, сум ги лечела вашите деца од треска, сум им помагала на вашите жени да родат. Кој има храброст да мисли дека јас сум го дала огласот во ливе, нека дојде до мене и нека ме погедне во очи!
Насобраните мажи размислија за зборовите на таа напатена жена. Сфатија дека е во право и полека се разотидоа.
Дамијана бесно ја напушти канцеларијата на Ектор. Иако и вети дека ќе и помогне, таа не веруваше во тоа. Знаеше колку Ектор е амбициозен, колку многу чекаше да го добие она што сега го имаше и дека за ништо на светот нема да го ризикува истото. Кога се врати во вилата, во холот ја затекна својата мајка.
– Дамијана ќерко…
– Твојот брат ме исфрли од компанијата!
– Се плашев дека ќе се случ тоа, – ликуваше Ребека. – Ектор Фалкон е виновен за се! Откако стапна во оваа куќа сите не заврте против Вадо!
– Сите ми го заврте грбот. Сите! Сама сум, немам никој.
Гледајки ја својата ќерка со солзи во очите, Ребека ја зеде во својата прегратка.
– Секогаш ќе ја имаш мојата подршка, ќерко.
– Нема да седам со скрстени раце, – се заколни Дамијана. – Нема да бидам исфрлена од оваа куќа како што бев исфрлена од компанијата.
Во тој миг во холот влезе Ектор. Попладен имаше важен состанок па дојде да се преслече. Кога Ребека го здогледа, почна да исфрла искри од своите очи.
– Знаев дека ова ќе се случи. Затоа никогаш нема доверба во тебе, Ектор! Знаев дека ќе ја растуриш оваа фамилија откако дојде во куќата.
– Смирете се госпоѓо. Јас немам никаква врска со одлуката на дон Вадо, – се правдаше Ектор.
– Никогаш не сум те сакала, Ектор. Ти си предавник!
Од преголемиот притисок, Ребека почувствува силна главоболка и вртоглавица. Се затетерава, а Ектор ја зеде во своите раце и ја седна на каучот.
– Оди во кујната по морка сол, Ектор, – му нареди Дамијана, свесна дека само мирисот на солта може да ја поврати нејзината мајка.
Ектор се затрча кон кујната каде што Саграрио готвеше за претстојниот ручек. Одеднаш пред себе го здогледа својот син Сантијаго. Знаеше дека кога тогаш ќе дојде до таа средба. Не можеше да се крие вечно.
– Мамо…, – крикна тој гледајки ја пред себе. – Од каде ти овде?
– Дозволи ми да ти објаснам, Сантијаго.
– Не ме нарекувај така, – ја предупреди Ектор. – Јас сум Ектор Фалкон. Сантијаго Фуего е мртов човек!
Единствено решение за Дамијана во тој миг беше да се соочи со својот вујко. Го праша Матакан каде се наоѓа и се упати кон градината каде што Вадо уживаше во книга под сенка.
– Не можам да се помирам со идејата дека повеќе не сум дел од компанијата, – рече Дамијана, преминувајки директно на главното. – Немаше силен моив да го сториш тоа.
– Мал мотив е што ме предаде?, – ја праша ноншалантно, не подигнувајки ја главата од книгата која ја читаше.
– Антолин те лаже. Мораш да ме сослушаш.
– Целиот својо живот можеше да сметаш на мојата помош. Ти бев татко кој никогаш го немаше, за среќа. Но, ме предаде и прелажа. Му плати кауција, со мој пари на оној беден рудар кој требаше да гние во затвор. Зошто Дамијана? За да спиеш со него?
– Не ме прави курва, – остро се бранеше Дамијана.
– Заслужуваш да добиеш секаков епитет, драга внуко. Ти го оставив моето царство да го водиш. Но сега, претставата заврши. Ти и твојата мајка нема да добиете ништо мое. Од денес сакам да замиенете од оваа куќа! Дојде крајот на третирање како кралици. Се враќате на улица, онаму од каде и што ве донесов.
– Во ред, ќе заминеме од твојата куќа ако тоа го сакаш, но пред да одам сакам да го дознаеш вистинското лице на твојот штитеник. Ектор не е оној што се претставува, вујко. Се што направив го направив во договор со него.
– Да чујам. Исповедај се.
– Ектор беше прв кој што го бранеше рударот Тристан. Не сакаше да направиме лажен извештај. Ектор беше на страната на Тристан Фуего.
Во тој миг во градината се појави Ектор, па дон Вадо мирно му се обрати;
– Убаво што дојде. Дамијана баш зборуваше за тебе. Продолжи, – се заврте кон Дамијана. – Објасни каква врска има Ектор со саботажата во топилницата. Се што имаш кажи пред него. Објасни ми како Ектор ме предал?