Кога останаа сами во трпезаријата, Ектор ја грабната својата мајка за рака.
– Можеш ли да ми објасниш што бараш тука, мајко? Што мислеше како ќе ми биде кога ќе те видам облечена како слугинка? Клечиш пред дон Вадо и му ги чистиш чевлите, – додаде огорчено.
– Имаш право да се лутиш, Сантијаго, но сослушај ме…
– Не е нарекувај така! Не во оваа куќа!
– Немаме сега време за расправа, Ектор. Не знам што бара Тристан во оваа куќа. Брат ти не смее да ме види овде.
– Не знам што бараш овде. Вака ли сакаш да надокнадиш за сите години на мое отсуство? Нема потреба да бидеш овде! Ти праќам пари секој месец…Или малку ти се? Ако се малку, можам…
– Не, парите не се малку, сине. Ти кажав не е време да зборуваме за тоа. Оди и види што бара Тристан овде.
Кога дон Вадо излезе од трпезаријаа, го затекна Тристан како разговара со Дамијана во холот.
– Види, види… Се здружиле рударот и предавничката! Што бараш овде?
– Немаме време за иронија, вујче. Мајка умира по твоја вина! Откако и кажа дека не тераш одовде испи цело шише пилули.
– Барем нека умре, – без чувства дофрли дон Вадо. – Можеби ќе биде покорисна во другиот живот.
Тристан кој не беше упатен во семејните несогласувања, беше збунет од ладнокрвната дрскост на Вадо кон неговаа сестра.
– Ајде, Дамијана, да ја одведеме вашата мајка во болница, – предложи младиот човек.
– Сега разбирам зошто мојата внука ја држи твојата страна рудару, – зајадливо додаде Вадо. – Па ти си и го украл срцето на оваа бедна ѓаволица, – се насмеа цинично.
– Ако мајка умре, никогаш, никогаш нема да ти простам Вадо!, – со широки зеници, внесувајки му се во лице му се закани Дамијана.
– Да не си помислила да ми впериш прст во лице, мизеријо!, – извика дон Вадо подигнувајки ја раката да ја удри. Се замеша Тристан, земајки ја Дамијана со своите раце.
– Каков човек и маж сте вие што се осудувате да кренете рака на жена, пред се на родената внука?
Дон Вадо кипеше од бес. Беше во состојба каде што рударот му солеше памет во сопствената куќа.
– Што се случува овде?, – праша Ектор, излегувајки од трпезаријата. – Тристан, што бараш ти тука?
– Дојдов да зборувам со тебе, но тоа може да почека. Мајката на госпоѓица Дамијана не е добро, мораме да ја одведеме во болница.
– Што се случило?, – загрижено праша Ектор.
– Изгледа испила цело шише пилули, – одговори Тристан.
– Што чекате? Треба веднаш да се пренесе во клиника! Јас е возам…
– Ти не одиш нигде, Ектор!, – дон Вадо го сопре, задржувајки го со раката.
Во меѓувреме, Јулиса не можеше да ги задржи солзите мислејки на Тристан и сите убави моменти кои ги минаа заедно. Нејзините пријателки Кристела и Индалесија ја тешеа, но ги замоли да биде сама со своие спомени.
Откако Тристан и Дамијана ја одведоа Ребека во болница, Ектор слезе од својата соба. Не можеше да престане да се грижи, па посегна по чашка коњак во мини барот каде што во мракот седеше дон Вадо потпивнувајки го омилениот бурбон.
– Дон Вадо, не ве забележав…
– Не можеш да спиеш, момче?
– Мислам на доња Ребека. Се надевам дека ќе биде добро.
– Заборави на таа несреќа. Ектор…размислував дека е време да ја запознаам фамозната Јулиса. Бидејки не ја доведе на роденденот, сметам дека е време да ја доведеш во куќава. Што велиш за утре вечер? Можеме да направиме мала закуска, да ги викнеме најблиските пријатели.
– Простете дон Вадо, но мислам дека не е време за славење.
– Зошто? Сака да го прославам живото со луѓето кои ми се блиски.
– Но вашата сестра…
– Нејзе не ја избрав да биде дел од мојот живот, таа едноставно ми припадна. Никој не ме праша дали сакам сестра, а уште помалку внука. Мојата единствена крв беше мојата мајка која беше совршена жена. Ребека нема никаква сличност со неа. Сега кога куќата е без отпад и измет, ти си мој единствен син, Ектор. Кога ќе умрам целото мое богатство ќе го поделам на два дела. Едниот дел е тајност кај кого ќе оди, а другиот дел ќе ти припадне тебе.
– Тајна?, – се зачуди Ектор.
– Е дознаеш за тоа кога ќе дојде време. Утре сакам да ја запозанаам Јулиса. Ќе направиме убава забава по тој повод. Утре на забавата ќе те назначам за мој наследник, – свечено додаде Вадо подигнувајки ја чашата за здравица кон Ектор.
– Сакам да знам зошто толку многу инсистирате да ја запознаете Јулиса? Зошто толку многу сакате да ја доведам во оваа куќа?
– Сакам да биде близу до мене. Ќе направиме кралица од неа. Утре ќе и испратам мало изненадување од твое име. Ќе направам се за да биде твоја.
Следното утро Јулиса беше станата рано. Пише кафе во кујната, обземена од своите мисли кога слезе Индалесија.
– Спиеше ли добро?, – ја праша посегнувајки по шоља за кафе.
– Речиси не склопив око. Зошто љубовта мора да биде толку болна?
– Ако биде се како што треба, значи дека нешто не е во ред. Дека нема страст љубомора…
– Моето со Тристан имаше премногу љубомора, би рекла.
Една по една девојките почнаа да слегуваат за појадок и Јулиса и Индалесија го променија разговорот.
Во меѓувреме тоа утро, Тристан извлече две пластични чаши од кафематот во болницата и едната и ја подаде на Дамијана, која ја помина ноќта на неудобните столици во болницата. Му заблагодари за кафето и му се насмевна. Навистина беше изненадена за се што стори за неа. Ја доведе нејзината мајка до болница и не ја остави сама нту минута.
– Како се чувствувате?, – ја праша.
– Ме убива ова чекање, мисам дека главата ќе ми прсне.
– Напијте се кафе. Ќе ве опушти.
Таа повторно благо му се насмевна и ја зеде неговата рака.
– Ти благодарам, Тристан. Ти благодарам за грижата, за тоа што не ме остави сама цела ноќ…Никој до сега не покажал дека му е толку грижа. Најмалку некој странец. За мене беше обичен рудар до вчера, но ми се најде во најтешкиот момент во мојот живот и вечно ќе ти бидам благодарна.
– Животот е таков госпоѓице. Луѓето од кои најмалку очекуваме најмногу ни помагаат низ истиот. Сега ако се согласувате, јас би си отишол…
– Немој те молам, – го замоли нежно, повторно повлекувајки го за раката. – Што ако и се случи нешто? Не сакам да бидам сама.
– Нема ништо лошо да се случи. Но ако ви е од некаква утеха, ќе останам.
Дамијана трогната од несебичната природа на Трситан, стана и го прегррна силно. Во неговите пргратки се чувствуваше сигурна како на ниедно друго место.
– Ти благодарам, – прошепоте додека солзите го влажнеа нејзиното лице.
Како и секое утро, трпезаријата во пансионот на Магдалена беше жива. Девојките џагореа зборувајки за своите момци, приватни животи, своите работи. Одеднаш се огласи ѕвоното од влезната врата и Хосе Фрихол истрча да отвори. Пред него стоеше млад курир со кутија во раката.
– Добро утро.
– Добро утро, мали. Ова е пансионот на доња Магдалена, претпоставувам?!
– Да.
– Ја барам госпоѓица Јулиса Ромеро. Имам подарок од Ектор Фалкон.
– Во ред, јас ќе и го предадам на Јулиса.
Откако ја зеде кутијата и се потпиша на испратницата, Хосе Фрихол дотрча во трпезаријата.
– Имам подарок за Јулиса, – извика од вратата. – Го праќа Ектор Фалкон.
Девојките возбудено изрипаа од трпезариската маса и почнаа да го отвараат подарокот. Во кутијата беше замотана преубава маркирана долга тоалета во виолетова боја а во малата кутија лежеше дијамантски гердан.
– Во животот не сум видела нешто волку убаво и скапо, – крикна Кристела.
– Вратете го тоа во кутијата, – извика Јулиса. – мене не ми требаат вакви подароци.
– Јулиса, дали си полудела?, – ја праша Индалесија. – Кога во животот си имала прилика да носиш нешто вакво? Ваков подарок не се враќа.
– Ја слушнавте Јулиса, девојки, – се замеша Магдалена. – Вратете го герданот и фустанот назад.
– Не знам што се замислува Ектор Фалкон, – извика Јулиса. – Си мисли дека може да ме купи со скапи подароци?
– Не разбирам зошто Ектор Фалкон го прави ова?, – праша Магдалена.
– Бидејки Јулиса му дала повод за тоа, – ја потсети Индалесија.
– Што сакаш да кажеш со тоа, Индалесија?, – извика Јулиса.
– Никој не ја купува пропагандата која ја нудиш, другарке. Признај дека уживаш во тоа што двајца згодни момци се борат за тебе.
– Во живото не очекував да чујам нешто такво од мојата најдобра пријателка.
Јулиса беше искрено шокирана од односот на Индалесија, која ја третираше како сестра.
– Престанете и двете!, – се замеша Магдалена. – Не забоавјте дека зад Ектор Фалкон стои ментор како Вадо Фалкон, а сите ние знаеме, особено јас колку задни намери има тој ѓавол. Ектор е како Вадо. Мисли дека со накит и пари може да дојде до женско срце. На твое место јас веднаш би го вратила подарокот, Јулиса.
– Секако дека ќе го вратам! И јасно ќе му ставам на знаење на инжењерот Фалкон дека моето срце е затворено за него!
– Не биди будалеста, Јулиса, – додаде Кристела. – Ако го продадеш тој гердан, знаеш ли колку ќе заработиш?
– Мене не ме интересираат парите од таа фамилија, Кристела. Мамо, те моам спакувај ја кутијата како што беше. Веднаш ќе му се јавам на Ектор да го известам дека подарокто не е прифатен.
Колку и да уживаше во тоа што ги понижува и изачува уѓето околу себе, дон Вадо сепак знаеше дека крвта не е вода, па се реши да ја посети својата сестра во болницата каде што беше префрлена мината ноќ. Но, не можеше да го прикрие изненадувањето кога ја затекна својата внука Дамијана потпрена на рамениците на Тристан.
– Така значи…Сега ми е јасно зошто плати кауција за овој криминалец. Овој рудар е твој љубовник! Му плати кауција за да го имаш крај себе!
Тристан беше збунет. Не од нападот на дон Вадо, туку од сознанието дека Дамијана ја платила неговата кауција за да излезе од затвор.
– Беше ти? Ти плати кауција за мене?