Саграрио ги чистеше остатоците откако непознат човек го раскрши нејзиниот дом. Една фотографија недосасуваше, а голем дел од порцеланот беше раскршен. Работите од креденецот беа фрлени на подот. Откако врати се на свое место и го фрли ѓубрето, изморена седна на фотељата. Во глава и се вратија спомените од претходниот ден во вилата на дон Вадо. Не и беше проблем да ги гланца чевлите на Вадо, само да биде покрај својот сакан син. Но, ја болеше ладнокрвноста на Ектор. Колку беше променет. Одеднаш слушна тропање на вратата и стана да отвори. Беше младиот адвокат Саломон. Саграрио имаше добро претчувство кога се работеше за тој млад човек кој и влеваше доверба.
– Добра вечер, доња Саграрио.
– Адвокату Алкантар…
– Го барав Тристан на мобилен, но исклучен е. Можам ли да зборувам со него?
– Мојот син не е вратен сеуште. Но, влезете, почекајте го.
Откако младиот адвокат влезе во скромната куќа, Саграрио го понуди со кафе или чај, но Саломон не сакаше да ја мачи.
– Всушност, дојдов бидејки му носам убави вести на Тристан. Зборував со Ектор и се согласи да го врати Тристан назад на работа во рудникот.
– Навистина?, – ликуваше Саграрио. – Господинот Ектор го рекол тоа.
Саграрио знаеше колку е ризично за Тристан да биде назад во рудникот, но работата му беше неопходна во тие мигови.
– Знам се, госпоѓо Саграрио. Ектор ми кажа дека сте негова мајка а Тристан е негов брат. Ми кажа и дека работие во вилата за да бидете близу него, – Саломон нежно го продолжи разговорот со цел да ја охрабри. – Ектор кога тогаш ќе сфати колку губи бидејки една е мајка. Кралот на златото, дон Вадо никогаш нема да му ја даде таа љубов која вие му ја давате.
– Јас сум многу горда на Сантијаго, но понекогаш знае да погреши.
Тропање на влезната врата го прекина разговорот. Саграрио појде да отвори и срцето и се наполни кога на прагот го забележа својот син Сантијаго. Повторно беше дома по толку многу години. Очите на Саграрио се наполнија со солзи.
– О, боже. О боже, тоа си ти, Сантијаго…
– Убаво од тебе што дојде да ја видиш мајка ти, – му рече Саломон кога го здогледа Ектор. – Јас одам сега. Ве молам, госпоѓо Саграрио, пренесете му на Тристан дека од утре се враќа на работа во рудникот. Додека не се докаже кој е виновен за смртта на Мелчор, Тристан може да работи без проблем на своето старо работно место. Догледање, – се поздрави со жената па откако се ракува со Ектор ја напушти скромната куќа.
Саграрио сеуште не можеше да поверува дека го гледа својот син пред неа. Душата и трепереше а очите и солзеа.
– Дојдов за да ми ветиш нешто, мајко. Кој и да те моли да се вратиш во вилата на дон Вадо, ти нема да го сториш тоа. Не сакам веќе да работиш како слугинка во таа куќа. Не ми беше лесно да се одречам од животот со тебе, но издржав бидејки имав цел, да станам некој и да се извлечам од сиромаштија. Моите деца да одат во приватни училишта и да не бидат уличари.
– Те боли твоето минато? Твоето детство?, – со болка го праша Саграрио.
– Би сакал да ги избришам тие години, но знам дека не е можно. Затоа не сакам луѓето да знаат кој сум бил…
– Не можеш целиот живот да го минеш во лаги, Сантијаго.
– Најважно ми е да ја остварам својата цел. Но твоето присуство во вилата на дон Вадо, воопшто не ми го олеснува патот.
– Не! Не можеш д го бараш тоа од мене, Ектор!, – избезумена од помислата дека нема да биде близу него секој ден, Саграрио клекна на колена пред својот син.
– Барај што сакаш од мене, но немој да бараш да ја оставам работата во таа куќа.
Во тој миг, во куќата се врати Тристан. Изненаден што ја гледа својата мајка на колена пред својот постар брат, бесно пријде до Саграрио и ја подигна за раце.
– Што се случува овде? Стании, мајко! Ако некој треба да клечи и да моли за прошка тоа е тој, – презирно покажа на својот брат. – Посакувам да умреше тогаш кога ја напушти оваа куќа! Мајка и јас ќе те преболевме, но барем ќе останеше во добро сеќавање. Кога се одрече од нас, ме погоди во сржта на срцето, Сантијаго. Оди си ода нас, остави не насамо.
– Не се расправајте, – ги молеше Саграрио. – Морате да ја закопате веќе таа воена секира еднаш засекогаш.
– Те предупредувам, – бесно продолжи Тристан. – Не се обидувај да ја купиш Јулиса со скапи подароци, бидејки за неа сум подготвен да се борам до смрт. Никој, дури ни мојата мајка нема да може да ме спречи во тоа.
– Јулиса е богатсво кое заслужува најдобро во животот, – се надоврза Ектор. – Ти не можеш да и дадеш ништо. Во спротивно јас можам..
– Она што можам да и го дадам е моето срце и мојата љубов!, – бесно го прекина Тристан. – Тоа е нешто што ти никогаш не би можел да и го дадеп, бидејки немаш срце за да љубиш. Немаш оган во срцето за да знаеш што е вистински да се сака. Ти си празен во душата. Без емоции, без чувства…
– Дали знаеш дека платив адвокат за да те пушти од затвор? Сакав да бидеш слободен за со исти права да се бориме за жената која ја сакаме.
– Што зборуваш, лицемеру?
– Ослободен си од затвор бидејки го најмив најдобриот адвокат во државата да се бори за тебе. Мене ми ја должиш својата слобода!
– Тебе ти ја должам мојата слобода?, – избувна Тристан грабнувајки го својот брат за јаката од кошулата. – Да не беше ти немаше ни да ја загубам мојата слобода, лицемеру!
– Престанете!, – извика Саграрио на сиот глас. – Не можам да ве слушам како се расправате за една жена! Те молам, Сантијаго, оди си.
– Ова не е крај, – додаде Ектор, поправајки ја кошулата и замина од куќата.
Магдалена отсекогаш беше вљубена во цвеќињата и посветуваше многу љубов и внимание на истите. Таа вечер, ги поливаше своите маргарити во холот кога одекна ѕвоното на вратата. Прашувајки се кој е во таа доба, пријде да отвори и го забележа Ектор пред себе. Во рацете носеше голем букет црвени рози.
– Добра вечер, госпоѓо Магдалена. Извинете што доаѓам вака доцна, но морав да ја видам вашата ќерка. Розите се за вас.
– Благодарам, но јас си имам свои цвеќиња, – дрско го одби пред да го пушти да влезе. – И, да, доцна е. Еден кавалер не треба да доаѓа во оваа доба во посета на млада дама.
– Зошто не ме сакате, доња Магдалена?
– Бидејки доаѓате од куќата на ѓаволот. Вие сте ист како него.
– Погледнете ме во очи. Искрен сум. Моите намери се чесни. За вас велат дека умеете да ги процените луѓето. Погледнете ме во очи и кажете ми дека не сум искрен.
– Не треба долго да ве гледам за да сфатам дека вашиот поглед не е чист. Зад вашето име се крие голем грев.
Ектор слушна како некој слегува по скалите и кога го подигна погледот ја забележа Јулиса како му приоѓа. Во рацете ја држеше кутијата со подарок.
– Ти ги враќам подароците, Ектор. Не можеш да ме купиш со ова. Љубовта не се купува. Љубовта се стекнува.
– Извини, Јулиса, не мислев да те повредам. Не сакав да те навредам.
– Ја повреди мојата гордост и мојата чест.
– Кога го купив подарокот за тебе, не мислев да те повредам. Наскоро во вилата Дорада ќе има забава по повод моето поставување како главен управник на фирмата. Ќе присуствуваат важни луѓе, дипломати од страна, а ти како моја лична секретарка сакав…
– Да ме поканиш на балот но не сакаше да те посрамам со мојата скромна облека?, – го праша дрско. – Јас сум таа што сум. Можеби не носам маркирани фустани и дијамантски гердани, носам шиени алишта и амајлии за среќа, но јас сум таа што сум. Немам потреба да се правам нешто што не сум.
– Освен тоа, Јулиса нема да присустува на балот, – се замеше Магдалена. – И дозволив да работи во фирмата но само преку мене мртва ќе стапне во таа куќа! А сега земете си ги вашите подароци и напуштете ја мојата куќа!
– Сослушај ја мојата мајка, Ектор.
Следното утро, Јулиса се појави на работа речиси ненаспана. Цела вечер размисуваше за Тристан. Срцето ја болеше што не се заедно. Додека ги средуваше папирологиите, во нејзината канцеларија влезе Саломон.
– Јулиса, имаш ли време?
– Секако, што можам да сторам за вас, адвокату?
– Дојдов да споделам убави вести со тебе. Од денес, Тристан се враќа на работа во рудникот!
Јулиса не можеше да поверува. Сакаше да извика од среќа.