Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #042 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #042 | ARDIENTE PASIÓN


 

42ро продолжение

 

            Дамијана не беше свесна дека е набљудувана од Матакан. Кога ја фати како го отвара сефот во отсуство на дон Вадо, мудрата и промислена Дамијана му понуди сојужништво. Двајцата беа во иста позиција. Дон Вадо со години ги понижуваше и потценуваше. И додека Матакан размислуваше за предлогот на Дамијана, човекот успеа да го отвори сефот. Убавите очи на Дамијана засветкаа како ѕвезди.

–          Изгубете се одовде! Да не сте го допреле тој сеф!, – низ просторијата одекна гласот на Мистика, верната домарка на дон Вадо.

–          Смири се, Мистика, – ладнокрво се созема Дамијана. – Само дојдов по некои документи кои ми се потребни.

–          Дон Вадо беше во право. Вие сте бесрамна !, – презирно заклучи Мистика.

–          Матакан, тргни ми ја од пред очи!, – му нареди на младиот маж.

–          Да не си ме допрел, Матакан!, – извика Мистика додека и приоѓаше. – Ако ме допреш ќе зажалиш, горило!

Мистика побегна од просторијата со страв дека може да биде повредена. Истрча во градината и потрча кон улицата. Зеде такси и се упати кон болницата каде што лежеше дон Вадо.

 

***

 

–          Не ми заобиколувај, Мистика! Зборувај!, – и нареди дон Вадо.

–          Не знам со кои намери но Дамијана и Матакан го отворија вашиот сеф, дон Вадо.

–          Не ме чуди. Знаев дека ќе дојде до тоа. Сега знам дека не погрешив кога ти ги дадов сите важни документи и тестаментот на тебе, Мистика.

Пред целото случување, дон Вадо ги извади своите документи и и ги предаде на Мистика. Верната и предана слугинка која со години гае илузии кон него, ќе ги ува како никој, знаеше дон Вадо.

–          Ништо  не ме чуди од тие пропалици. Од неа го очекував тоа, но ме изненади Матакан.  Но документите се кај тебе, зар не?

–          На место кое ни самиот ѓавол не би можел да ги најде, дон Вадо.

–          Никој не смее да знае за моето наследство. Особено сега кога ја најдов Јулиса.

–          Каква врска има ќерката на Магдалена Ромеро?

–          Таа девојка не е ќерка на Магдалена. Сосема сум сигурен дека Јулиса е моја ќерка!

 

 

Енграсија Кало, една од девојките кои живееа во пансионот на Магдалена, мистериозно исчезна по забавата во вилата на дон Вадо. Нејзините верни пријателки, Капричо и Индалесија, со денови безуспешно ја бараа, стравувајки од најлошото.  И Магдалена имаше лошо претчуство за Енграсија, а претчуствата на Магдалена ретко грешеа.

Истиот ден, во шумата беше пронајдено теото на Енграсија. Заврзана и силувана, беше фрлена во езерото, но трупот успеал да исплива на површина.

Со оглед дека девојката за последен пат беше видена во вилата на дон Вадо, Антолин Варгас и наложи на полицијата дека никој не смее да дознае за смртта на девојката. Неговите луѓе се погрижија за телото, а самиот Антолин го пронајде убиецот. Откако го извести Матакан дека во шумата е најдено тело на девојка, Матакан стана нервозен. Таквата нервоза го натера Антолин да му ја пребара собата. Во собата ги најде чевлите и фустанот кои Енграсија ги носеше на забавата.

–          Имам кого да обвинам за смртта на Енграсија Кало, – Антолин телефонски го извести дон Вадо.

–          Велиш дека Матакан ја убил?

–          Нема кој друг.

–          Тоа куче премногу долго ме изневерува, – заклучи дон Вадо, сеуште бесен од сознанието дека Матакан учествувал со Дамијана во потрагата по документи во неговиот сеф. – Сакам да се погрижиш за него, Антолин. Го сакам мртов!

 

За смртта на Енграсија Кало, беше обвинет Роки Санторо, рудар кој му беше трн во око на Антолин. Антолин знаеше дека Роки е вљубен во девојката, и ја искористи приликата да го намести за убиство поради љубомора.

Откако Антолин плати луѓе да го убијат Матакан, по наредба на дон Вадо, телото му беше запалено а пепелта истурена во езерото. Не остана никаква трага од силниот и маженствен чувар на кралот на златото.

–          Никој нема ни да го побара, – заклучи Антолин, известувајки го Вадо за стореното. – Тоа куче немаше ни роднини.

–          Тоа куче дојде од иста кал како и ти, – дон Вадо го потсети Антолин. – Ова е поука што се случува со луѓето кои ме предаваат. Во секој случај, добро сторена работа, – го пофали дон Вадо.

 

 

Денови подоцна…

 

Дон Вадо не можеше да престане да мисли на Магдалена и Јулиса.  Откако беше пуштен од болница, прво што стори ја посети куќата на Магдалена.

–          Каде е Јулиса?, – ја праша штом влезе во холот на Ла Голондрина.

–          Вон дофат на твоето зло, – цинично му одговори Магдалена. – Нема да ти дозволам да ја вовлечеш во својата игра и да ја уништиш како што уништуваш се што ќе допреш! Никогаш повеќе нема да ја видиш!

–          Каде е Јулиса, проклета?! Знам дека Јулиса е оја ќерка. Моја и на Росанхелика Рентеира! Ти не си нејзина мајка! Ти не си ничија мајка! Мелчор беше затворен дваесет години. Не ми вели дека сте ја зачнале за време на затворските посети!

–          Не. Јулиса е направена пред Мелчор да биде затворен. Пред ти да му пресудиш.

–          Не сум слеп, клета! Јулиса е плукната Росанхелика!

–          За последен пат ти велам дека Јулиса е моја ќерка. Моја и на Мелчор Рентеира! Нема да ми ја одземеш, Вадо! Не и неа! Постојат тапии кои тврдат дека Јулиса е моја ќерка! Дека јас сум ја родила!

–          Тогаш нека бидат моите докази против твоите!

–          Не само што ќе докажам дека Јулиса е моја ќерка, ќе докажам дека си убиец!, – како лавица извика Магдалена.

–          За што ќе ме обвиниш? За чие злодело?, – цинично ја праша дон Вадо.

–          За смртта на Росанхелика! За смртта на Мелчор! Нема да се смирам додека не те видам зад решетки, Вадо!

–          Не заборавај дека јас сум оној кој ја има моќта и законот во овој град, Магдалена!

–          Јас ја имам моќта на вистината и мене ме чува богородица од Кармен! А твојата моќ само ќе те докрајчи, Вадо Фалкон!

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!