46то продолжение
– Што правиш вака облечена?, – Магдалена ја праша Јулиса кога ја здогледа облечена во одора на калуѓерка. – Што значи ова, Јулиса?
– Морав да одлучам без твоја консултација, мајко. Немам веме. Не сакам повеќе да чекам. Тристан е тука а јас не сакам никогаш повеќе да го видам.
– Не смееш да дозволиш Тристан да делува на овој начин врз твојот живот. Не е игра да се биде калуѓерка. Тоа е многу важна одлука и нема враќање назад.
– Потребен ми е мир, мамо. Врати се во Малиналко и не грижи се за мене. Јас ќе останам овде, како што се договоривме.
– До Бога, Јулиса, соблечи ја одората. Сакам да имаш деца и фамилија еден ден. Не дозволувај првата љубов да ти биде и последна. Ти не си родена за ваков живот. Нема да ти дозволам да сносиш погрешни одлуки поради едно љубовно разочарување.
– Остави ме да размислам, мајко. Ти врати се дома,како што планираше. Јас ќе останам да го заборавам Тристан. Потребно ми е време, но ќе го заборавам.
Тристан остана да стои во темниот хол, со надеж дека срцето на Јулиса ќе омекне и дека ќе го прими. Одеднаш слушна како се отвара врата и го забележа Ектор пред себе.
– Што барап ти овде, Фалкон?, – дрско Тристан го праша својот брат.
– Дојдов по Јулиса!, – полн со самодоверба одговори Ектор.
Пред Тристан да каже било што, во одајаа влезе Магдалена. Гледајки ги Ектор и Тристан пред себе, ги постави рацете на половината и дрско им се обрати;
– Што значи ова? Одете си! Не ве сакам во близина на мојата ќерка!
– Госпоѓо Магдалена, дозволете ми да објаснам, – почна Ектор. – Дон Вадо ме замоли…
– Дон Вадо, дон Вадо…Ти не знаешза ништо друго освен да ги седиш наредбите на дон Вадо! Тоа што мојата ќерка даде крв за тој човек, не ја обврзува декаво иднина мора да прави се што сакавашиот господар.
– Дон Вадо не е мој господар, госпоѓо Магдалена, туку мој татко!
– Човек кој е татко и кој има родителски инстинкт, не создава толкава зло, – го пекина Магдалена.
– Магдалена, јас морам да разговарам со Јулиса, те молам, – во дискусијата се замеша Тристан, инсистирајки да ја види саканата.
– Јулиса одбива да те види Тристан.
– Не ме интересира! Не си одам одовде додека не зборувам со неа!, – тврдоглава додаде Тристан и излезе од одајата.
Чекорејки низ полумраните одаи, го довикуваше името на сиот глас; – Јулиса!
– И јас морам да ја видам, – рече Ектор, но Магдалена го задржа.
– Секако дека не смееш!
– Госпоѓо Магдалена, Јулиса мора да се врати. Нејзиното место, нејзината иднина се во компанијата. Не смеете да дозволите вашата ќерка да пропушти ваква шанса.
– Овде е местото каде што Јулиса реши да остане! , – го прекина Магдалена. – Ни под разно нема да дозволам да се врати кај тој убиец.
– Дон Вадо не е убиец, доња Магдалена.
– Тогаш кој ја уби Енграсија? Во секој случај врати се и пренеси му на Вадо дека имам докази против него, докази кои ќе го сместат во затвор, докази со кои засекогаш ќе го елиминирам од мојот живот и животот на мојата ќерка!
Збунет од зборовите на Магдалена, Ектор го напушти манастирот. Магдалена длабоко издиша па клекна пред иконата на Богородица да се моли.
Во меѓувреме, Тристан влезе во собата на Јулиса. Пред себе гледаше калуѓерка во свечена одора. Но сепак и под таа мантија се криеше убавото лице и тело на жената која ја љубеше.
– Тристан, реков дека не сакам да те видам! Немаш право да…
– Јулиса, само дозволи ми да ти објаснам.
– Јас не сакам да те слушам. Потребен ми е мир и спокој. Никогаш во живоот никој не ми задал толкава болка како ти.
– Љубов моја, – рече тој нежно земајки и ги рацете. – Појди со мене. Дозволи ми да ти докажам дека нема ништо меѓу мене и Дамијана. Појди со мене да и дадеме нова шанса на нашата љубов.
– Остави ме, Тристан!, – рече таа повлекувајки ги своите раце. – Мојата одлука е донесена и ништо не може да ја промени.
– Јулиса, ти си мојот живот. Не знам што би правел без тебе.
Ваквите зборови во срце го погодија Тристан. Очите му се наполнија со солзи додека гледаше во неа. Повоторно ја зеде нејзината рака приближувајки ја до своите усни.
– Јулиса, светице моја.
– Доста, Тристан! Оди си те молам.
Но, наместо одговор со борови, тој премина на дела. Ја повлече за тенката половина кон себе и страсно ја бакна. Со онаа страст која само тој можеше да и ја покаже. Онаа врела страст која извираше од секој покрет на неговото тело.
– Не!, – извика Јулиса пред целосно да се предаде. – Те молам не ми ги отежнувај околностите и оди си!
– Во ред, љубов моја. Ќе си одам но ти се колнам во се што е свето, дека јас и ти повторно е бидеме заедно. Ќе те чекам додека е потребно, светице моја. Макар и да поминат сто години. Јас ќе те чекам!
Тристан излезе од одајата а Јулиса скршена легна на креветот. Ниту пресветиот сакрамент, ниту одората која ја носеше на себе, не можеше да го сокрие она што го носеше во срцето. Крвта и вриеше при помислата на Тристан, а врелите солзи лиеа по нејзиното лице.
Следното утро, Магдалена се врати во Голондрина. Кристела ја пречека во куќата, прашувајки за Јулиса. Магдалена беше смирена бидејки Јулиса остана на безбедно место.
Јулиса не можеше да заспие цела вечер. Наредниот ден, во градината, пријде до мајката Надзорничка.
– Мајко Крисанта, морам да разговарам со вас.
– За што ти требам, ќерко, – рече надзорничката гледајки во живите и убави очи на девојката.
– Ми треба услуга од вас, мајко. Голема услуга. Не сакам да останам тука, во манастирот. Морам да си одам одовде, но ако некој ме бара, сакам да им кажете дека сум склучила пакт на молчење и дека не можам да зборувам со никого.
– Сакаш да лажам за тебе, Јулиса?
– Господ знае дека тоа е исправно, мајко. Јас не можам да останам во манастирот. Потребна ми е ваша помош, ве молам.
– Лесно ќе бидеш откриена ќерко. Не можеме вечно да те криеме. Освен тоа, јас не сум во состојба да лажам никого.
– Нема потреба да лажете, само ќе премолчите, мајко, – тивко ја молече Јулиса.
Мајката надзорничка не можеше а да не попушти пред молбите на скршената девојка.
– Во ред, во ред. Но, смеам ли да знам која е твојата цел, Јулиса?
– Сакам да ставам крај на онаа Јулиса која сите ја познаваа. Сакам конечно да го исполнам етувањето кое му го дадов на својот дедо. Со нов изглед и нов идентитет, ќе го разоткријам кралот на затото, Вадо Фалкон.
Беше ноќ, кога облечена во калуѓерка, Јулиса го напушти манастирот. Мајката Крисанта ја допрати до вратата. Јулиса со торбата в раце, дојде во ближното село. Забележа едне пансион на главната калдрмена улица и реши да влезе. Срамежливо пријде до рецепционерот.
– Добро вечер, господине, ми треба соба.
– За вас?, – изненадено ја праша гостилничарот, гледајки ја од глава до петици. – Сама сте? Извинете на прашањето, но за прв пат имам калуѓерка на гости.
– Го чекам брат ми кој треба да дојде од далеку да конкурира за работа, – вешто излажа.
Кога Јулиса влезе во собата, го спушти куферот пред себе и пријде до огледалото. Во одразот виде скршена девојка во одора на калуѓерка.
– Никогаш повеќе нема да бидам она што бев. За сите останати, Јулиса е во манастирот под заклетва за молчење. За кратко, сите ќе го запознаат одамна загубениот внук на Мелчор Рентеира!