Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #047 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #047 | ARDIENTE PASIÓN

 

 

 

47мо продолжение

 

Лицето на дон Вадо задоволно сјаеше. Неговото срце повторно функционираше без поблем, а раната брзо му зараснуваше. Се чувствуваше горд што ја носи крвта на Јулиса во себе. Сакаше да излезе од својата соба и да му се врати на животот. Во постела се чувствуваше како паразит, но докторот му дозволи да биде постојано покрај болничарката и да биде во количка. Вадо ги презираше наредбите на д-р Алварез, но сакаше што поскоро да закрепне во целост и да се врати назад во компанијата.

Кога    Ектор се врати од Веракруз, го затекна Вадо во дневната просторија. Беше изненаден што лекарот му дозволил да ја напушти собата.

–          Нема ништо чудно, Ектор. Се чувствувам способно да излезам од собата и да станам од креветот. Но, кажи ми како пројде во Веракруз? Дали ја најде Јулиса? Зошто не ја доведе како што ти реков?

–          Јулиса е во манастир. Не успеав да ја видам.

–          Станала калуѓерка?, – се изненади дон Вадо.

–          Сеуште не. Но, има проблеми со Тристан, па одлучила накратко да се повлече.

–          И ти секако мораше да ја почитуваш нејзината одлука  и да ја оставиш таму!, – бесно го пресече дон Вадо.

–          Не сакав да и го наметнувам моето мислење. Јулиса меѓу другото жали за смртта на својата пријателка, а со неа беше и Магдалена.

–          Магдалена…Мора да е бесна како лавица. Сигурно мене ме обвинува за смрта на Енграсија.

–          Да, дон Вадо. Магдалена ми наложи да ви пренесам дека кај себе има докази против вас.

–          Какви докази?

–          Не знам, дон Вадо. Писма, документи…Магдалена совршено нагласи дека знаеш за што станува збор. Мислам дека е поврзано со Мелчор Рентеира.

–          Што друго ти кажа?,  – Вадо стана нервозен.

–          Рече дека лично ќе ви каже се што има.

–          Веднаш нека оди некој по неа! Сакам и ти да бидеш присутен кога таа жена ќе дојде во куќава, Ектор!

Ектор послушно кимна со главата. Седеше на фотељата покрај дон Вадо и пиеше коњак. Зборуваше со дон Вадо за состојбата во компанијата и за обновениот договор со јапонците, кога во собата влезе убавата и нескротлива Магдалена, подготвена за преговори.

–          Никогаш никој не може сите карти да ги држи во свои раце, Вадо.

–          Јас не сум ти непријател, Магдалена,  -ноншалантно и одговори Вадо од својата инвалидска количка.  – Ектор може да ти потврди.

–          Госпоѓата греши во однос на вас, – го подржа неговиот штитеник.

–          Магдалена, – продолжи дон Вадо. – Ние сме само родители кои сакаат своите деца да ги видат заедно.јас би сакал мојот штитеник Ектор еден ден да го видам оженет со твојата ќерка Јулиса.

–          Додека сум жива нема да го дозволам тоа!

–          Доња Магдалена, – се замеша Ектор. – Дозволете ми да ви докажам дека јас искрено ја љубам вашата ќерка Јулиса.

–          Не дојдов овде да зборувам за твоите увства, младичу. Те молам остави ме насамо со Вадо.

–          Магдалена и јас мораме да ги оживееме дваесетте години на љубов и омраза. Магдалена е во право, најдобро е да не оставиш сами, Ектор, – дон Вадо се обиде да ги ублажи строгите зборови на Магдалена.

–          Секако – рече Ектор и се упати кон својата соба на катот. – Добра ноќ.

–          Седни Магдалена, – и рече Вадо покажувајки и го слободното место до себе. – Рече дека сакаш да зборуваме. За што?

–          За Мелчор и Росанхелика Рентеира!

–          Те слушам, Магдалена. Кажи ми какви се тие докази кои ги имаш против мене.

–          Сакам да знаеш дека еден ден ќе ставам крај на твоето царство, – гордо изјави Магдалена, внесувајки му го своето триумфално лице.

–          Не ме засмевај. Ништо не може да го сруши она што со години го добивав.

–          Амбицијата те заслепила, Вадо. Во овој час поседувам моќно оружје кое може да ти стави крај.

–          Тоа моќно оружје е ојата ќерка Јулиса која ти ја чуваш?

–          Јулиса не е…

–          Јулиса е моја ќерка со Росанхелика и ти го знаеш тоа!, – за прв пат вечерта Вадо го повиши тонот.

–          Росанхлика те презираше! Те мразеше што и ја зеде невиноста, што ја прелажа и ја заведе заради своите амбиции. Точно дека Росанхелика роди твое дете. Но, таа роди момче за кое се погрижи Мелчор. Јулиса е моја ќерка!

–          Јулиса и Росанхелика се како две капки вода. Идентични!

–          Затоа што се сестри, – објасни Магдалена. – Јулиса е ќерка на Мелчор Рентеира. Ти имаш син кој никогаш не го пронајде бидејки Мелчор успешно го сокри од тебе. Затоа и ги посвои Ектор, Антолин…За да ја згасиш потребата да бидеш татко.

–          Ако Јулиса не е моја ќерка, тогаш каде е мојот син?

–          Не знам и се надевам никогаш нема да се појави. Ако се појави само ќе го уништиш, како што ја уништи и неговата мајка и неговиот дедо. Како што уништуваш се што ќе допреш!

–          Биди јасна, Магдалена, пред да го загубам трпението. Што е тоа што го имаш против мене?

–          Ќе дознаеш само ако потпишеш документ дека никогаш повеќе нема да ме вознемируваш мене ни мојата ќерка Јулиса!

–          Никогаш нема да потпишам нешто такво, – концизен беше дон Вадо.

–          Не заборавај дека сегашната власт не ти е наклонета. Само бараат докази да те уништат, а сега јас ги имам тие докази. Размисли, Вадо. Ако се согласиш на соработка, знаеш каде можеш да ме најдеш.

По триумфалниот говор, Магдалена ја напушти Ла Дорада.

 

 

            Во меѓувреме, Јулиса го подготвуваше својот план. Иако сеуште беше далеку од дома, на големо го подготвуваше своето триумфално враќање во Малиналко. Денот го помина избирајки и купувајки машка облека. Се врати во гостилницата со полна вреќа алишта. Ги спушти алишатата на креветот и легна на истиот. Дури ниту во тие моменти не можеше да престане да миси на Тристан. Неговите бакнежи и допири кои правеа да и трепери целата кожа. Но секогаш и се враќаше сликата кога го здогледа во кревет со Дамијана Фалкон. Тоа сеќавање ја правеше фригидна.

 

 

Индалесија и Кристела вечераа сами во пансионот, откако Магдалена мистериозно излее таа вечер, без да каже каде.

–          Нештата никогаш нема да бидат исти, сестро, – воздивна Индалесија. – Јулиса е во манастир далеку одовде, Капричо е по своја работа, а Енграсија е мртва. Не можам да поверувам дека е така. Понекогаш се мислам ќе ја видам како ќе дотрча во кујната со таа заразна насмевка која ја имаше.

Кристела не одговори ништо. Само со насолзени очи ја зеде раката на својата пријателка, кога одекна ѕвоното од предната врата.

–          Кој може да е во оваа доба?

–          Можеби Магдалена си го заборавила клучот, – претпостави Индалесија.

Кога ја отворија вратата, пред нив стоеше девојка од прилика на нивна возраст.

–          Добро вечер. Дали ова е пансионот Голондрина?

–          Да, – потврди Кристела. – Но, Магдалена сопственичката не е дома во моментов.

–          Моето име е Сораја Кало, – рече девојката влегувајки во холот спуштајки ја торбата на земја.

–          Кало?, – шокирано праша Индалесија.

–          Да, јас сум сестра на Енграсија. Дојдов за да го откријам убиецот на мојата сестра!

Индалесија и Кристела шокирано се погледнаа меѓу себе.

 

Продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!