Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #051 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #051 | ARDIENTE PASIÓN

51-во продолжение

 


            Мистика не можеше да заспие цела ноќ. Помислата дека Вадо љуби друга жена и го одзеде сонот и мирот. Како малку да беше Магдалена, па сега и друга жена која не и дава мир. Тоа утро беше расеана. Потпрена на масата во кујната не го ни забележа Ектор кога влезе и и посака добро утро, по утринското џогирање.

–          Каде ти се мсилите, Мистика? Ти реков добро утро.

–          Добро утро, господине Ектор. Господине Ектор, ве молам да го известите дон Вадо да избегнува возбудувања кои се опасни по неговиот живот.

–          На што целиш, Мистика?, – ја праша земајки чаша со сок од портокал.

–          Сношти имаше посета. Сопругата на генералот Алкосер.

Сфаќајки ја причината поради која Мистика бара помош, Ектор само се насмевна, ја потпша по рамото и ја напутши кујната. Се упати кон скалите кои водеа до собите. Требаше да се истушира и облече пред да се појави во канцеларија. Во холот наиде на својата мајка Саграрио која во тој миг доаѓаше на работа.

–          Ектор, морам да зборувам со тебе.

–          Кажи.

–          Не тука,на само.

Ектор ја поведе кон својата соба.

–          За што сакаше да зборуваме?, – ја праша кога ја затвори вратата зад себе.

–          Се плашам, Сантијаго. Мислам дека дон Вадо знае дека си мој син и брат на Тристан, – го извести готвачката.

–          Дон Вадо не може да знае дека сум твој син и брат на Тристан, – остро и одговори. – Од каде тоа?

–          Погледни ја оваа фотографија, – рече и посегна по една стара фотографија која ја извлече од торбата. – Ова сте ти и Тристан како деца. Оваа слика ја најдов во собата на Матакан, меѓу неговите работи.

–          Од каде му на Матакан оваа фотографија? Зошто измислуваш?

–          Не измислувам ништо, Сантијаго! Хосефина беше задолжена да ја исчисти собата на Матакан и да ги извади сите негови работи бидејки доаѓа нов шофер. Работите ги донесе во кујната а меѓу нив и оваа фотографија.кога ќе со го вратам филмот, оваа фотграфија долго ја немаше во куќата. Сега знам дека Матакан ја украл.

–          Не разбирам. Ништо не ми е јасно.

–          Матакан знаел кој си и сигурно му го пренел тоа на дон Вадо.

–          Дај ми ја ваму таа фотографија. Дај ми ја! Ова не сум јас! Ова се твоите синови Тристан и Сантијаго! Дали ти е јасно?

Ектор ја грабна фотографијата од рацете на Саграрио и ја раскина на парчиња.

–          Сине…

–          Дон Вадо не ја видел оваа фотографија и никогаш нема да ја види!

–          Сине…Не заборавај на сите понижувања кој ми ги зададе пред тебе. Сега знам дека сето тоа било со една цел, да ме понижи пред мојот син. Да ме понижи бидејки знае, знае дека си мој син.

–          Не знае! Но, ако еден ден дознае, ако дознае поради твојата нестабилна прироода, никогаш нема да ти простам! Ќе те мразам додека сум жив!

Погодена од зборовите на својот син, Саграрио ја зеде раскинатата фотографија и низ солзи истрча од собата.

 

 

            Момците се подготвуваа да влезат во рудникот, кога во бараката дојде Антолин Варгас. Ги поздрави рударите и погледна во Диего. Тоа слабо момченце со очила му се виде познато.

–          Тоа е Диего Рејес, – рече Тристан. – Новиот рудар. Денес му е прв ден во рудникот, Антолин.

–          Делува преслабо за физичка работа. Како и да е чекам репорт за тоа како ќе се снајде. Хосе Гвадалупе, дојдов да зборувам со тебе.

–          Кажете господине Варгас.

–          Тука сум бидејки мојата секретарка си даде отказ. Знам дека твојата ќерка Капричо е без работа, па помсилив на неа за работата. Што велиш?

–          Но Капричо не знае јазици, – промумља Хосе Гвадалупе.

–          Ќе ја запиешеме на курс, не е проблем. Ако ја имам војата дозвола би ја вработил уште денес.

 

 

Откако Ектор се подготви за работа, влезе во собата да го поздрави дон Вадо. Меѓу другото го интересираше што е со Матакан, кој нагло изчезна од куќата.

–          Послугата зборува дека си најмил нов шофер. Тоа значи дека Матакан повеќе не се враќа?

–          Матакан е отпуштен бидејки ја изневери мојата доверба, – одговори дон Вадо. – Кучкиниот син се обиде да го обие мојот сеф. А знаеш дека кај мене, неверниците не проаѓаат со втора шанса, Ектор. Кога сме кај предавници, не ми се допаѓа дружбата меѓу тебе и оној адвокат, Саломон, кој го извади синот на готвачката од завор.

–          Јас немам врска со тоа, дон Вадо. Саграрио го најмила да го извади Тристан од затвор. Кога сме кај Саграрио,  – додаде Ектор со цел да го испита теренот. – Тристан е нејзин син единец?

–          Не. Готвачката има два сина. Едниот, постариот работи во Мексико Сити. Ми вети дека ќе ме запознае со него кога ќе се врати во Табаско. Се вика Сантијаго.

–          Искрено, дон Вадо, не ми се допаѓа што таа жена работи во куќава. Неспретна е, а и постојано се меша каде што не и е место.

–          Каде се меша, на пример?

–          Озборува. А освен тоа не ми се допаѓа како готви. Не разбирам зошто упорно ја држиш во куќава.

–          Бидејки тешко се наоѓа жена од доверба, Ектор. Никогаш си немал поплаки за послугата. Што е сега проблемот со Саграрио?

–          Ништо, не ми обрнувај внимание. Морам да одам сега.

 

 

Откако беше повикана на интервју за работа, Капричо пресреќна дојде во фримата. Антолин пред неа ги спушти документите за вработување и рече;

–          Од денес започнуваш пробно на еден месец. Ако се пкажеш, ќе те вработиме за постојано.

–          Ти благодарам, Антолин.

–          Господин Варгас. Кога сме во фирмата, за тебе сум г-дин Варгас, а ти си моја секретарка, Капричо, не заборавај. Можеш веднаш да почнеш. Закажи ми ручек во ресторанот за морски полодови. Потоа јави и на Сораја Кало да биде таму во два.

–          Сораја?

–          Да, Сораја. Пријателки сте колку што знам.

–          Да.

–          Тоагаш не денгуби, – и нареди Антолин и излезе од канцеларијата.

Капричо почна да се врти во круг од среќа. Ова беше работа за која сонуваше. Понесена од еуфоријата, не забележа кога Саломон влезе во канцеларијата.

–          Капричо? Од каде ти тука?

–          Гледаш во новата секретарка на Антолин Варгас.

–          Навистина ми е драго. Особено што ќе ја имам таа привилегија да го гледам секој ден тоа твое убаво лице.

Капричо поцрвене. Не очекуваше дека ќе слушне нешто такво од згодниот адвокат.

–          Дали си слободна вечерва?

–          Слободна? Јас?

–          Да, бидејки сакам да те поканам на вечера. Што велиш? Во осум?

 

 

Тоа претпладне, Магдалена се врати во вилата Ла Доарада со цел Вадо да и даде полномоштво на сметката од Кајманските острови. Се плашеше од дон Вадо и нејзиното тело трепереше кога беше во негова близина. Затоа одлучи да стои на дистанца од него.

–          Пријди поблиску, – гласот на дон Вадо не звучеше како молба туку како наредба.

–          Добро ми е тука. Што велиш да разговараме некаде на друго место?

–          Не сум во состојба да шетам. Чувствувам бол во градите.

–          Тогаш да го одложиме раговорот за друг ден…

–          Не! Сакам денес, – инсистираше Вадо.

–          Каде е документот за трансакцијата на сметката од Кајманските острови?, – го праша одлучно, проближувајки му се.

Како да му беа рацете од челик, дон Вадо цврсто ја повлече за половината и ја привлече кон себе.

–          Пушти ме!

–          Никогаш! Те имам блиску како некогаш, Магдалена. Помниш ли првата вечер кога те направив своја? Бев првиот маж во твојот живот. Платив скапо за таа ноќ, но не се покаав.

–          Не сум овде да евоцираме спомени, Вадо. Како што побарав, ја сакам сметката во замена за документот кој го поседувам.

–          Зарем мислиш дека ќе ти дадам толку многу пари за  тој безвреден документ?

–          Пушти ме, Вадо. Добро знаеш дека со тој документ можам да те уништам!

Притисокот на дон Вадо не поушташе. Ја чувствуваше топлината на нејзиното тело, чувствуваше како трепери во неговите прегратки.

–          Јас сум твој човек. Ќе ти платам за она што најдобро знаеш да го правиш.

Дали поради неговите допири или поради неговиот глас, отпорот на Магдалена полека попушташе. Се сети како девојка колку копнееше за неговите допири. Иако и го уништи животот, сеуште беше најмажевниот маж кој го сретнала. Таа машкост го правеше неодолив. Вадо чувствуваше дека никогаш не престанала да го сака и покрај тоа што и го уништи животот. Ја искористи моменталната слабост кај неа и страсно ја бакна.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!