Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #053 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #053 | ARDIENTE PASIÓN

53-то продолжение

 

 

            Магдалена го подготвуваше појадокот за своите потстанари, додека Капричо го пиеше утринското кафе раскажувајки и за незаборавната ноќ мината со Саломон. Одеднаш како ветер да ја отвори задната врата и во кујната се појави Вадо Фалкон со својот соработник Антолин Варгас.

–          Вадо!, – пригушливо го изговори неговото име.

–          Дојдов да го склопиме договорот кој ми го предложи, Магдалена.

Вознемирена, Капричо застана покрај Магдалена.

–          Биди внимателна.

–          Не грижи се за мене, Капричо. Оди и подготви се се работа. Јас знам како да се погрижам за…господинот.

Магдалена звучеше прибрано и ладнокрвно.

–          Го донесов мојот сметководител бидејки се работи за деликатна процедура, – дон Вадо го објасни присуството на Антолин.

Антолин ги извади потребните документи од актовката.

–          Мислев дека Ектор ги води твоите документации, – зајадливо забележа Магдалена.

–          Не го мешај Ектор во ова. Ектор е управник во фирмата а ова е личен проблем помеѓу мене и тебе.

Магдалена ги прегледа документите кои и ги подаде Антолин а потоа ги фрли на масата.

–          Не потпишувам ништо, – изјави гласно.

–          Како тоа не потпишуваш ништо?

–          Не ти верувам, Вадо. Не потпишувам ништо без присуство на мој адвокат.

Дон Вадо го губеше трпението. Пред него стоеше Магдалена која не ја познаваше. Цврста жена полна со самодоверба. Многу различна од онаа која сношти трепереше во неговата прегратка.

–          Вчера не беше ваква кога за малку не потклекна пред мене.

–          Еден ден ќе платиш за твојот цинизам, Вадо. И не само за тоа. Мислиш дека не знам за вашиот заговор да го заташкате убиството на Енграсија Кало? Слушни ме добро, Антолин. Подобро да не си играш со Сораја и нејзината болка бидејки ќе си имаш проблем со мене.

Антолинне не рече ништо. Само погледна во дон Вадо кој му даде знак да го напуштат пансионот.

 

 

            Дамијана никако не можеше да се помири со губењето на работното место и сите привилегии кои доаѓаа со позоцијата. Мораше да го види Тристан и да зборува со него. Се упати кон неговата канцеларија кога го затекна како зборува со некој ситен млад човек.

–          Како да им објаснам на претпоставените дека не сакаш да одиш на лекарски преглед?

–          Најдобро е нешто да измислиш.

–          Но што ти е на тебе, Диего? Болен си? Ти удрило силното сонце на Табаско во глава ако мислиш дека ќе се извлечеш од ова.

–          Јас сум здрав, но лекарот може да се посомнева дека сум внук на Мелчор Рентеира. Тоа мене не ми одговара.

Очите на Дамијана се раширија од возбуда кога го слушна ваквиот разговор зад вратата. Да можеше ќе го спречеше и дишењето за да не биде откриена дека прислушкува. Но ова што го слушна беше доволно за да го извести Вадо и нејзиниот вујко повторно да и верува.

–          Дон Вадо те бара веќе некое време, – Тристан му рече на Диего. – Јулиса ми зборуваше за тебе. Ми кажа дека дента кога умрел Мелчор, Ектор Фалкон, управникот на фирмата се распрашувал за тебе.

–          Дон Вадо не смее ни да се посмнева дека сум тука. Само во тебе имам доверба Тристан. Дојдов со мисија да го повратам сето она што му е одземено на мојот дедо. Оваа фирма е изградена откако на дедо ми му бил одземен рудникот за злато. Вадо го изневерил мојот дедо и на крајот и го уби.

–          Се согласувам со тебе, Диего и ја имаш мојата подршка, но каква врска има сето ова со лекарскиот преглед? Поштеди ме од непријатностите кои можеш да ми ги зададеш со инспекции.

–          Не смеам да се исложувам на ризик, Тристан. Во мојата книшка стои моето име Диего Рентеира. Не заборавај дека тука се служам со друго презиме. Ако дознае дон Вадо кој сум, способен е да ме затвори. А најмалку сакам да поминам дваесет години затвор како мојот дедо. Не пред да го уништам!

 

 

Откако Вадо замина, Магдалена ги предупреди девојките дека Вадо ќе продолжи да доаѓа во пансионот, да ја потсетува на нејзиното минато, но дека тие не треба да му се плашат. Истовремено се плашеше за Кристела која продолжи во тајност да се гледа со Лучо. Девојката не сакаше со никого да зборува за она што ја мачи. Магдалена и пријде со цел да поразговараат, кога во холот влезе висока, црвенокоса жена барајки ја Магдалена Ромеро.

–          Јас сум Магдалена.

–          Моето име е Касандра Алкосер. Можеби ме знаете како сопруга на генералот Атилио Алкосер.

–          Сум слушнала за Вас. Не гледам што Ве носи во мојов скромен дом.

–          Дојдов да зборуваме за една од вашите девојки…Енграсија Кало.

 

 

По она што го слушна во бараката, Дамијана го запали својот автомобил и се упати право кон фирмата, со цел да разговара со Ектор. Се обиде да влезе без најава и тропање, па во намерата ја спречи Капричо, новата секретарка на спратот.

–          Госпоѓице, господинот Фалкон нареди никој да не го вознемирува.

–          Трансито, објасни и на оваа девојка која сум јас, – Дамијана презирно погледна во Капричо.

–          Знам која сте, но не смеете да влезете. Мора прво да се најавите, – инсистираше Капричо, па се упати кон канцеларијата на Ектор.

–          Извинете, господине, но госпоѓица…, – не успеа да ја доврши реченицата бидејки Дамијана грубо ја отргна.

–          Тргни се, простачке! Нема потреба да ме најавуваш.

–          Што бараш овде, Дамијана?, – ја праша Ектор, подигнувајки го погледот од компјутерот, додека му објаснуваше нешто на Саломон.

–          Мораме да зборуваме за нешто важно. Насамо.

Саломон ја сфати пораката и стана од столицата.

–          Не гледаш дека сум зафатен?, – ја праша Ектор.

–          Ова не може да чека, – инсистираше младата жена.

–          Нема проблем, – рече Саломон. – Побарај ме подоцна, – додаде и ја напушти канцеаријата на својот пријател и соработник.

 

Саломон ја зеде Капричо за рака кога излезе од канцеларијата и ја понесе кон еден ходник каде што немаше никој. Ја потпре на ѕидот и страсно ја бакна, потоа се загледа во нејзините сини очи.

–          Не можев да ти  одолеам. Морав да ги почувствувам твоите бакнежи пред да излезам на терен.

Капричо не рече ништо. Чувствуваше како се топи во неговите прегратки и бакнежи.

 

***

 

–          Сеќавањето на Енграсија Кало е свето во оваа куќа, – Магдалена и нагласи на гостинката откако ја послужи со кафе во кујната. – Енграсија ќе ми остане во сеќавање како убава, весела и секогаш насмеана девојка. Видете, госпоѓо Алкосер…

–          Касандра. Ве молам, викајте ме Касандра.

–          Госпоѓо Касандра. Девојките кои живеат во овој пансион ми се како ќерки. Ги познавам со години и гаам мајчина љубов кон сите нив. Енграсија не беше исклучок. Затоа внимателно што имате да ми кажете за неа.

–          Не, Магдалена, не ме разбирате. Ниту јас не ја познавав Енграсија. Но, познавам некој кој ја познавал.

–          Кој?, – директно праша Магдалена.

–          Не можам да ви го отркијам неговиот идентитет.

–          Тогаш, немаме за што да зборуваме, – кратко и јасно нагласи Магдалена, оставајки ја жената на генералот без добиените одговори за кои беше дојдена.

 

 

 

Во меѓувреме, Дамијана удобно се смести во канцеларијата на Ектор. Му раскажа на Ектор за внукот на Мелчор Рентеира, дека е во коалиција со Тристан Фуего и дека подготвува заговор против Вадо.

–          Што ќе правиш сега со оваа информација, Дамијана?, – внимателно ја праша Ектор.

–          Секако дека веднаш ќе му кажам на вујче. Само така ќе ја повратам неговата доверба. Но, мораш да ми помогнеш, Ектор, – го замоли не симнувајки ги своите убави, зелени очи од него. – Ти и јас мораме да ги здружиме силите, или внукот на Мелчор Рентеира ќе не остави на улица.

 

 

Продолжува…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!