Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #055 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #055 | ARDIENTE PASIÓN

55-то продолжение

 

 

            Додека шоферот го возеше црниот ролс ројс по улиците на Виљаермоса, Вадо нервозно удираше со бастунот на задното седиште.

–          Бидете мирен, дон Вадо, – го смируваше Ектор. – Наскоро ќе се уерите и самите дали тоа момче е ваш син.

–          Без разлика дали тој е мој син, Ектор, сакам да знаеш дека ништо нема да ги промени моите чусвтва за тебе. Ти секогаш ќе останеш мој син, Ектор. Ти си мојата гордост, моето дело. Само немој да се врзуваш за Дамијана. Ти си многу повеќе од неа.

–          Дамијана и јас повеќе не сме во врска, дон Вадо. Ниту имам намера да бидам повторно со неа.

Ваквите зборови го смирија Вадо.

–          Дамијана е симбол на она што најмногу го презирам во животот. Плод на една врска од која се срамам. Татко и беше гад и паразит, ебиветер кој ја присили мојата сестра да побегне од дома. Кога Ребека сфати дека се омажила за насилник кој ја изневерува и тебе, се врати кај мене и ја роди Дамијана.

–          Дамијана е привлечна и сензуална млада жена, но мојата цел е Јулиса, – рече Ектор искрено. – Никогаш нема да престанам да ја љубам.

 

Саграрио со солзи гледаше во својот син. Толку време се обидуваше да го прелаже каде работи. Само да не го повреди. И сега вистината беше излезена на виделина.

–          Переш алишта во градот, работиш како домарка во некоја вила…Колку многу лаги. Сето ова време работиш зад мој грб, за да бидеш со него. Да бидеш покрај својот син кој се срами од тебе! Синот кој те остави и се откажа од тебе бидејки си сиромашна!

Диего се обидуваше да ја смири топката, но Тристан избувна како пламен.

–          Сине, дозволи ми да ти објаснам.

–          Што имаш да ми објасниш? Уште лаги? Не, не сакам да те слушам, мајко!

Бесен, Тристан ја напушти куќата.

Облеана во солзи и тага, Саграрио почна гласно да липа.

 

            Тристан влезе во своето комби и се упати во непонат правец. Во таквите моменти најмногу му недостасуваше Јулиса, нејзините совети и топла прегратка.

 

 

            Во меѓувреме, Диего и помогна на Саграрио да ја собере масата и да ги измие садовите. Одеднаш кај сите испадна апетитот за вечера.

–          Ако смеам да прашам…Зошто Тристан толку се вознемири при сознанието каде работите?

–          Ах Диего…Долга е мојата приказна. Со месеци работам во вилата каде што живее мојот постар син. Кога бев млада, мојот сопруг ме остави со две малолетни деца. Работев по дваесет часови на ден за да им приуштам основни работи. Но, основните работи не му беа доволни на мојот син Сантијаго. Кога наполни петнаесет години замина од дома. Отиде да живее кај кралот на златото, дон Вадо. Тој човек му приушти се што јас никогаш немаше да можам да му дадам. Образование, дипломи, престиж, патувања, гардароба…Моето мајчино срце не можеше да живее без да го види. По толку години се вработив во вилата на дон Вадо за да бидам близу Сантијаго, или Ектор, како што сега се вика.тристан никогаш немаше да ми дозволи да бидам во таа куќа, бидејки за него Сантијаго е мртов. И судбината како да беше малку горчлива, па и двајцата се вљубија во иста жена, Јулиса. Љубовта кон неа само уште повеќе ги влоши односите меѓу моите синови. Затоа никогаш не ја прифатив. И никогаш нема да ја прифатам!

Диего го држеше погледот спуштен. Само кога Саграрио би знаела со кого го води тој разговор.

 

 

            Тристан, во меѓувреме го сопре своето комби пред пансионот на Магдалена.  Сакаше да ја праша за Јулиса, за која немаше слушнато со денови. Кога затропа на задната врата, му отвори Индалесија.

–          Добра вечер, Индалесија. Прости ми што доаѓав во ова време, но сакав да ја видам Магдалена.

–          Магдалена предмалку си легна, Тристан. Но, ако е итно можам да ја разбудам.

–          Не, не е итно. Само сакав да знам како е Јулиса. Знаеш нешто за неа?

–          Не сум слушнла за неа откако Магдалена се врати од Веракруз. Но, претпоставувам дека е добро.

–          Знаеш ли кога ќе се врати од манастирот?

Девојката само ја заврте главата наместо одговор.

–          Во ред, Индалесија, извини што ти пречам. Поздрави ја Магдалена и кажи и дека ќе поминам деновиве. И ако се јави Јулиса, пренеси и дека ја љубам и дека не можам да живеам без неа.

–          Секако, Тристан…Ако сакаш…, – нервозно промрморе девојката. –Печев пуслици…

–          Ти благодарам, Индалесија, но не сум гладен.

Тристан ја поздрави девојката и се врати до своето комби преку задниот двор. Индалесија ја затвори вратата и се потпре на истата, длабоко водзивнувајки.

–          Тристан, – го изговори неговото име во шепот. Љубовта која ја чувствуваше кон него беше тајна за сите. Никому немаше кажано колку и се допаѓа, бидејки сите ќе ја направеа луда. За сите тој беше човекот на Јулиса. Но, како да живее и да се бори со тие чувства?

 

Требаше час и половина возење од вилата до далечната населба каде што живееше Тристан со неговата мајка. Шоферот го паркира автомобилот во бавчата пред скромната и малечка куќичка на Сагарарио.

Саграрио ги собираше алиштата за перење, кога слушна како некој тропа на вратата.

–          Кој може да биде во оваа доба?, – загрижено се запраша пред да ја отвори вратата. – Дон Вадо?!

Дон Вадо и Ектор влегоа во скромната куќа. Срцето на Саграрио ќе излезеше од градите кога нејзиниот син по толку години за прв пат го премина прагот на родниот дом.

–          Колку мала куќичка, – зајадливо рече Вадо. – Но, чиста и топла…Јас и ти никогаш не би можеле да живееме тука, зар не Ектор?

–          Дон Вадо, доцна е , а госпоѓа Саграрио е сигурно изморена. Зошто не и кажете зошто сте тука.

–          Во право си, Ектор. Саграрио, имаме знаење дека твојот син Тристан во куќава донел гостин со кој би сакал да зборувам. Се работи за…Како рече се вика?

–          Диего Рејес, – се надоврза Саграрио.ваквата доцна и ненајавена посета воопшто не и се допаѓаше.

–          Токму така. Диего. Дали ќе можеш да го викнеш да разговарам со него?

–          Само момент, – рече Саграрио и се упати кон собата која Диего ја делеше со нејзиниот син.

Во меѓувреме, во куќата влезе Тристан.

–          Што се случува овде?, – праша гледајки ги Вадо и Ектор во куќата.

 

Саграрио влезе во собата каде што Диего се подготвуваше за спиење.

–          Диего, синко, Кралот на златото сака да зборува со тебе.

–          Вадо?, – збунето праша Јулиса.

–          Што сака тој човек од тебе, сине? Што криеш?, – инсистираше Саграрио да ја дознае вистината.

Диего храбро и решително излезе од собата и пријде во кујната каде што стоеше дон Вадо со Тристан и Ектор.

–          Моќам да замислам зошто сте дојдени, дон Вадо. Кога тогаш ќе ја дознаевте вистината. Да, точно е. Јас сум внук на Мелчор Рентеира!

–          Толку многу личиш на Росанхелика, – заклучи дон Вадо приоѓајки му. Беше истата реакција како и првиот пат кога ја здогледа Јулиса.

–          Секако, Росанхелика е моја мајка.

–          Морам да зборувам со тебе, насамо, – желбите на дон Вадо мораше да бидат ислушани.

 

Блескавиот црн ројс на Вадо стоеше пред куќата на Саграрио во калливата бавча., помеѓу кокошарникот и жиците со испружени алишта. Влегоа во возилото и Вадо му нареди на новиот возач полека да ги вози по околните улички.

–          Значи ти си синот на Росанхелика.кажи ми, момче, што правеше сите овие години?

–          Тоа е мој приватен живот. Не морам да одговорам.

–          Немој погрешно да ме разбереш, момче. Ако си оној кој што се претпоставуваш, тогаш не само што ќе останеш во рудникот, туку ќе добиеш и многу повеќе. Те барав сите овие години да ти го дадам она што ти припаѓа.

–          Изинете, дон Вадо, но не ме убедивте. Ја знам целата вистина. Вие го мразевте мојот дедо и поради Вас тој помина дваесет години во затвор.

–          Точно. Меллор помина дваесет години во затвор, а потоа се вработи во рудникот како рудар. Јас дознав дури откако трагично почина.

–          Лажете! Не ме убедувате во вашите лаги, дон Вадо!

–          Мелчор и беше татко на Росанхелика, девојката која најмногу ја љубев во животот. Ти си…

–          Син на Росанхелика, – потврди Диего. – Но, не сум ваш син, како што си мислите, дон Вадо. Растев без нејзината љубов и заштита, пораснав со луѓе кои ме штитеа и чуваа, но никој не можеше да ми ја надокнади родителската љубов која ми беше потребна. Дедо ми го запознав во затвор каде што го посетував се до пред неговата смрт.

–          Значи, старецот ти ги изнакажал сите тие лаги?! Дека не си мој син?

–          Мојот дедо Мелчор беше искрен човек. Ако продолжите да го навредувате, тогаш не сакам да го продолжам овој разговор.

–          Не, застани, – Вадо го задржа со раката за да не излезе. – Само сакав да знам дали си навистина син на Росанхелика. Сега воопшто не се ни сомневам. Повеќе нема причина да се криеш или да го менуваш презимето. Ти ја ветувам мојата заштита.

–          Не ми ветувајте ништо, дон Вадо. Не ја сакам вашата наклонетост. Дојдов овде да го повратам она што му беше одземено на мојот дедо и да се соочам со вас. Се колнам дека ова е само почеток, – бесно заклучи Диего пред да излезе од возилото.

–          Тоа е мојата врела крв, – воодушевено рече дон Вадо откако остана сам.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!