Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #059 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #059 | ARDIENTE PASIÓN

59-то продолжение

 


 

            Таа вечер, Магдалена остана до доцна будна. Гледаше преку кујнскиот прозорец во мирната ноќ кога слушна како некој ја отвара вратата. Стана да види кој е.             Кристела влезе во пансионот на прсти, мислејки дека сите останати спијат. Кога забележа како светлината на ламбата го осветлува загриженото лице на Магдалена, само со олеснување рече;

–          Магдалена, ме преплаши…

–          Како е Лучо?

–          Подобро е. Докторот рече дека утре ќе може да излезе од болница.

–          Кристела мораме да зборуваме, – додаде Магдалена со својот типичен, строг глас. – Во целата општа паника не те прашав што бараше Лучо во твојата соба, кога добро ги знаеш правилата на оваа куќа?

Кристела не одговори ништо. Само ја спушти главата, а Магдалена тоа го протолкува како знак на каење.

–          Те сакам како родена ќерка и го знаеш тоа, но и самата знаеш дека Лучо ти носи само несреќа.

–          Помислив дека го промени мислењето за него по она што се случи. Кумо, Лучо му се спротистави на Вадо Фалкон, на кралот на златото, го ризикуваше својот живот за нас две. По тоа, верував дека ќе го добијам твјот благослов да се гледам со него.

–          Кристела, ќерко, дали ти мислиш дека Лучо сака да се ожени со тебе? Жалам што ќе ти го кажам ова, но Лучо само те користи. Не верувам дека тоа момче те сака, Кристела. Жалам, но не можам да ја одобрам вашата врска бидејки тоа момче ти носи само солзи и страдање.

Магдалена беше свесна колку е груба со девојката, но само така можеше да и укаже колку греши. Знаеше колку Кристела го сака Лучо и не смееше да дозволи тој да ја искористува.

–          Мојата одлука е конечна, Кристела. Не го сакам Лучо во оваа куќа ниту во твоја близина. Кога дојде да живееш тука, ветив дека како мајка ќе се грижам за тебе и токму тоа го правам, колку и да не ти се чини.

–          Тогаш, немам друг избор освен да си одам од оваа куќа, – разочарано рече Кристела и се упати кон својата соба.

 

Во меѓувреме, Капричо не можеше да ги одвои усните од сочните бакнежи на Саломон, кој го сопре автомобилот пред пансионот. Се љубеа долго и во занес.

–          Капричо, – рече Саломон меѓу бакнежи. – Те љубам како ниту една друга жена пред тебе.

–          И јас те љубам, Саломон.

–          Сакам да го запознаам татко ти. Сакам да го известам за моите намери  кон тебе.

–          Татко ми?, – збунето праша Капричо, чувствувајки и како и горат образите.

–          Што велиш за утре попладне? Потоа, некој ден можеме да отидеме во Мексико Сити за да ги запознаеш моите родители.

–          Родители? Саломон, не мислиш дека избрзуваме…

–          А што да чекаме, Капричо? Ме љубиш како што јас те љубам тебе. Ти си прекрасна и сигурен сум дека ќе ги освоиш моите родители како што ме освои и мене.

–          Не сум сигурна, Саломон. Јас не сум девојка од високото општество каква што твоите родители очекваат да имаш. Јас сум обична девојка која работи како секретарка, која нема завршено студии и која живее во пансион…

–          Ти си девојката која јас ја сакам и тоа ќе им биде доволно на моите родители, – ја разубедуваше Саломон. – Значи, за утре сме договорени?

Капричо кимна со главата. Се плашеше од самата помисла како татко и ќе ја прифати идејата да го запознае нејзиното момче. Но за тоа ќе размислува утре.

 

Антолин само што влезе во својата соба, кога доби смс порака на својот мобилен. Беше од дон Вадо;

–          Сакам да го следиш мојот син Диего во секој чекор. Прати луѓе кои нема да го тргнат погледот од мојот наследник!

 

            Откако дозна за намерата на својата мајка, Јулиса одлучи заедно со Тристан да стигнат во манастирот пред самата Магдалена.

И додека Магдалена чекаше автобус, двајцата веќе беа на половина пат за Веракруз со комбито на Тристан.

За време на целиот пат во автобусот, Магдалена размислуваше за последниот разговорр кој го имаше со Вадо. Страшно се плашеше дека Вадо може да ја исполни заканата и да ја убие Јулиса. Од друга страна пак се прашуваше кој е Диего Рентеира, бидејки самата најдобро знаеше дека Мелчор нема внук. Се плашеше од сопствените сомнежи. Но од друга страна ја тешеше мислата дека Јулиса е безбедна во манастирот со мајка Крисанта.

 

 

 

Комбито на Тристан полека возеше по автопатот кон Веракруз. Двајцата вљубени повторно беа среќни како некогаш. Јулиса го заборави целиот сомнеж во врска со љубовта на Тристан.  Одеднаш забележаа дека некој ги следи.

Тоа беше автомобил со луѓето на Антолин.

Откако младиот човек доби наредба да прати луѓе да го следат Диего, Антолин веднаш се ангажираше и уште вечерта ги испрати соите луѓе пред куќата на Тристан Фуего. Но она што Вадо не го знаеше е дека Антолин има други планови.

 

 

            Во меѓувреме, Дамијана влезе во собата на Антолин кој се подготвуваше за работа. Му пријде од зад грб и кокетно му ја намести вратоврската.

–          Денес го започнав првиот дел од нашиот план, Дамијана. Вадо ме задолжи да внимавам на неговото сакано синче, но неговата безбедност мене не ми оди во план, како што не ти оди ни тебе.

–          Што направи?, – жедна за интрига, го праша Дамијана.

–          Диего и Тристан излегоа од Малиналко утрово. Испратив луѓе за да го киднапираат Диего Рентеира!

 

 

Тристан даде гас обидувајки се да им побегне на луѓето од црниот автомобил кои сакаше да им го попречи патот.

–          Застанете или ќе пукам, – им се закани телохранителот вадејки пиштол вперен кон главата на Тристан.

–          Не, ве молам!, – преплашено крикна Јулиса.

Тристан го сопре комбито онака како што беше и барано од него. Двајца силни мажи од црниот автомобил насилно ја отворија вратат од комбито и ја извлекоа Јулиса од него. Тристан се обиде да ја заштити саканата, но доби удар од пиштол во главата и се онесвести на асфалтот.

            Луѓето на Антолин ја сместија Јулиса во својот автомобил, очајна и нз солзи гледајки како нејзиниот сакан остана сам и беспомошен на автопатот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!