Почетна / Телевизија

Телевизија

ССНМ: Заканите кон новинарите на социјалните мрежи мора да запрат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека во деновите на општ траор во земјава поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој 59 наши млади сограѓани ги загубија животите, се интензивирани заканите кон новинарите и медиумите на социјалните мрежи. Тие веднаш и непосредно ја загрозуваат нивната безбедност …

Повеќе »

„Код“ на Снежана Лупевска направи реконструкција на трагедијата

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани починаа 59 лица, а над 155 беа повредени. Телма преку емисијата „Код“ на Снежана Лупевска направи реконструкција на трагедијата која може да ја погледнете во продолжение. Дани | ТВ Пакет

Повеќе »

ЗНМ со пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот на Канал 5

По емисијата од средата (19 март) на “Само Вистина”, новинарот и уредник Александар Видиновски добил закана преку својот профил на Facebook од извесен корисник. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост реагира и поднесе пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје во врска со заканата упатена кон новинарот и …

Повеќе »

Уредникот на ТВ 21: „Не потпаѓајте на провокации, огнометот е подметнат“

Главниот уредник на ТВ 21, Ерол Шакири, преку својот Фејсбук профил упати апел до јавноста, повикувајќи на разум и меѓуетничка толеранција, откако на социјалните мрежи почнаа да се шират видеа од огномет проследени со тврдења дека истиот е испукан од страна на Албанци, со цел да се создадат поделби во …

Повеќе »

ЗНМ: Осуда за говорот на омраза на социјалните мрежи кон ТВ Алфа

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) известува дека најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство што се појавија на социјалните мрежи, особено коментарот на извесен Горан Костовски, кој повикува на „палење на ќумезот во Визбегово“, алудирајќи на телевизијата Алфа. – Ваквите изјави не само што претставуваат сериозна …

Повеќе »

Министерството апелира на заштита на медиумите и медиумските работници

Министерството за дигитална трансформација (МДТ) апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници. – Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите …

Повеќе »

ААВМУ: Медиумите да го усогласат своето работење во денови на жалост

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава и најави ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им укажува на медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на денови на …

Повеќе »

Соопштение на ААВМУ во врска со информирањето за погребите на жртвите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите, при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди. Известувањето треба да биде без сензационализам, задолжително треба да се почитува личната болка и жалост на семејствата, роднините и најблиските …

Повеќе »

Телма ТВ: Нема да емитуваме забавна програма, ниту рекламна пропаганда

Поради големата трагедија која ја потресе земјата, медиумите ја менуваат својата програмска шема. Во продолжение известувањето кое го добивме од тимот на телевизијата : ” Почитувани Поради новонастанатата трагична ситуација од која веќе ги броиме невините млади жртви, Ве известуваме дека телевизија Телма почнувајќи од денес нема да ја емитува …

Повеќе »

Дали ТВ емисијата „Во фокус“ на Алфа има редовен термин?

Во програмскиот водич на телевизија Алфа, за ден – понеделник стои емитување на емисија во живо наречена “Во фокус”. Покрај Седмица, Вечерното шоу на Богдан Илиевски, За или против, Заспиј ако можеш… ова е уште една во низата емисии на Алфа кои во фокус ја ставаат политичката домашна сцена. Но, …

Повеќе »
error: Содржината е заштитена!