Почетна / Вебновела (страна 28)

Вебновела

Одмазда – љубов и смртна казна (73. продолжение)

Ден и бледа светлина допреа до нејзините очи. Светлината допираше преку отворениот прозорец. Исплашено ги отвори очите. Ја почуствува неговата топлина замотана околу своето тело, неговата силна рака на својата половина. Естер посегна по рачниот часовник на масичката и забележа дека е скоро шест часот. Денот започнуваше рано на фазендата …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (72. продолжение)

Откако Алисиња ја исплати Кристина за добро сработената задача, италијанката се дрзна да праша од каде е толку сигурна дека Анибал нема да ј аотркие нивната игра.Алисиња се закикоте.– Анибал е едноставен, не може да дознае. – Дали сте свесна дека ова може да ве кошта скапо?– И каде е …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (71. продолжение)

Кога падна ноќта, Алис беше подготвена да ги започне своите игри со својот сопруг. Игра во која требаше да учествува и трето лице. Наполни две чаши со црвено, домашно вино па пријде до Анибал кој со раскопчана кошула лежеше на креветот, изненаден од нејзината идеја за здравица.– За што сакаш …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (70. продолжение)

Анибал ја посети Лукреција во нејзината соба. Иако самата помисли да биде насамо со неа предизвикуваше искушение, сепак мораше итно да рагзовара со неа за Алис.– Лукреција, ти си единствената која може да ми помогне. Татко е способен да ме убие ако не му дадам наследник. Алис постојано ме избегнува. …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (69. продолжение)

Беше ноќ на прослава. Црвено вино, кубански цигари и расфрлани пари во борделот на тетка Кармен. Енцо Анџели заедно со своите луѓе славеа за пронајденото злато на имотот. Сосема случајно во борделот се најде Рикардо, кој имаше желба да се напие чаша пиво пред спиење, кога забележа дека салонот е …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (68. продолжение)

 По завршените дневни обрски на фазендата, Марија Грација се врати назад во бараката. Беше мрачно и само една свеќа догоруваше на масата. Погледна околу себе. На креветот на кој спиеше Крситина, алиштата беа расфрлани во неред. Зеде една корпа и почна да ги собира работите за перење кога слушна тивок …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (67. продолжение)

Остатокот од попладенто Моналиса го помина затворена во својата соба, топејки ја перницата со солени солзи. Товарот сега беше многу поголем од претходно. Не можеше да заборави на погледеот на кутриот и невин човек кога лажно го обвини дека ја силувал. Тоа беше најголемиот грев кој некогаш го сторила во …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (66. продолжение)

  Зора. Моналиса успеа одвај да заспие пред самиот изгрев на сонцето, а сега веќе почуствува нечија рака на своето лице како ја буди од сон. Изрипа од јастукот исплашена. Додека да ги отвори очите, забележа дека е нејзиниот татко. – Смири се мила, јас сум. Дојдов по тебе, – …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (65. продолжение)

  Некој тропаше на вратата. Моналиса немаше волја да разговара со никого, но мораше да биде храбра.– Напред.Вратата се отвори и во внатрешноста на собата се прошири светлоста на свеќникот. Влезе Кристина осветлувајки ја мрачната соба.– Твојот вујко ми кажа што се случило…Го подигна свеќникот на кои гореа пет свеќи …

Повеќе »

Одмазда – љубов и смртна казна (64. продолжение)

    Фаусто се врати назад на фазендата со гребаници на своето лице, како да бил нападнат од дива мачка. Антониета го пречека на тремот, го одведе во неговата соба и му подготви облоги од камилица за да му ги смират раните на лицето. Додека тој мирно лежеше, домарката ја …

Повеќе »
error: Содржината е заштитена!