Американскиот телевизиски канал Си Би Ес (CBS) овој месец ја стартуваше долгонајавуваната серија „Wisdom of the Crowd“, драматична приказна за еден татко кој го бара убиецот на својата ќерка.
Дел од ликовите кои ја добија можноста да ја промовираат премиерата на телевизискиот проект среде Њујорк беа и нашите Моника и Виктор.
Слаткиот пар од Скопје, на милиони минувачи во градот кој никогаш не спие, им порачаа да не ја пропуштат премиерата на „Wisdom of the Crowd“.
Дали вие ја пропуштивте премиерата? На следниот линк се достапни првите две епизоди кои веќе беа емитувани.