За емисијата за сообраќајни несреќи со жртви и загинати кои завршуваат со условни казни, тим новинари на “Код” на Телма доби трета награда за истражувачка сторија на конкурсот на ЕУ.
Во емисијата се обработени повеќе случаи на сообраќајни несреќи со загинати во кои виновниците од обвинителите биле гонети за полесни дела, а судиите или пресудувале условни казни или ги поништувале затворските пресуди на повисок степен.
Истражувањето го реализираа новинарите Снежана Лупевска Созен, Билјана Николовска, Емилија Мисирлиевски и Миомир Серафиновиќ.
На доделувањето на наградите во Тирана, за најдобра истражувачка сторија беше избрана „Софтверот на Рашковски за сообраќајни казни” на новинарката Ирена Каревска, објавена на 360 степени.
По откритието на злоупотребите на поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски беше отворена истрага која резултира со обвинение и судски процес кој е во тек.
Втората награда на ЕУ за истражувачко новинарство ја доби Мирослава Бурнс (објавена во „Слободен печат“) за приказната за родилката Јалдз Веапоска, чии внатрешни органи беа извадени по грешка за време на гинеколошка интервенција по што беше утврдено дека станува збор за лекарска грешка.
Дани | ТВ Пакет