Почетна / Серии / Четири познати американски серии започнуваат на ТВ 24 и Телма

Четири познати американски серии започнуваат на ТВ 24 и Телма

Оваа сезона, Телма телевизија и Телевизија 24 продолжуваат со емитување на популарни и висококвалитетни американски серии.

На ТВ 24 ќе се емитуваат “Scorpion” и “Billions”. “Шкорпион” е создадена од Ник Сантора за CBS. Серијата го прикажува живoтот на на извршниот продуцент и самопрогласен компјутерски експерт Валтер О’Брајан кој заедно со неговите пријатели, помагаат да се решат сложените глобални проблеми и да се спасат животи.

„Милијарди“ на Showtime има пет сезони и ја раскажува приказната за менаџерот  Боби Акселроуд како доаѓа до големо богатство и влегува во светот на високите финансии.

На Телма, пак, оваа зима следуваат “Major crimes” (TNT, 105 епизоди) и “The Mentalist” (CBS, 151 епизоди).

“Тешки злосторства” е спин оф на “The Closer” (Разоткривање) што се прикажуваше на истата фреквенција пред две години. Во главната улога сега е Мери Мекдонел  како главен детектив која, со своите колеги, ќе ги истражува најкомплицираните случаи.

И уште еден процедурал на Телма… Иако првите сезони ги следевме на МРТ и целата серија на кабловската Нова С, не е лошо да се потсетиме на истражувачот со посебен дар за решавање на најсложените злосторства – “Менталист”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!