Во мрачното и опасно предградие во Британија се запознавме со многубројното семејство Шелби, познати и како најдивата и најголема криминална банда – Пики блајндерс, кои заработуваат пари преку крадење, рекетирање и обложување. Водач на кланот е Томи Шелби, најнасилниот меѓу нив, но многупати на тест беше ставено неговото водство.
Во новите епизоди од четвртата сезона на Телма, ќе дознаеме што ќе се случи со фамилијата Шелби и дали едно писмо ќе го промени текот на акциите? Заканата од сицилијанскиот мафијаш ќе ја разгневи и исплаши бандата, а убиството на еден од нив ќе ги натера да се заколнат на крвничка одмазда кон Италијаните.
Од понеделник до петок во 22.15 часот ќе ја гледате четвртата сезона на “Пики блајндерс”, една од најпопуларните британски серии на сите времиња.
Дани | ТВ Пакет