Филмот ја следи Џеки Кенеди (Натали Портман) во деновите кога таа била прва дама на САД и нејзиниот живот по атентатот извршен над нејзиниот сопруг, претседателот Џон Ф. Кенеди, во 1963 година. Позната по своето исклучително достоинство и спокојство, Џеки Кенеди се бори со болката и траумата да ја поврати својата вера, утеши своите деца, и да го дефинира историското наследство на нејзиниот сопруг.
Џеки премиерно бил прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал, каде бил во конкуренција за наградата Златен лав, додека пак во САД бил издаден на 2 декември 2016 година од дистрибутерот Fox Searchlight Pictures. Филмот се здобил со универзално критичко признание и добил номинации за три Оскари на 89. доделување на наградите, и тоа во категориите најдобра глумица (Портман), најдобра оригинална музика и најдобра костимографија.
“Џеки” во четврток (23 мај) на првиот канал на Македонската телевизија во 21.10 часот.
Дани | ТВ Пакет