Почетна / Живот / Бесплатни прегледи за коса за граѓаните во City Mall

Бесплатни прегледи за коса за граѓаните во City Mall

 

Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус во соработка со центарот за коса 101 Hair Care во недела од 12.30 до 15.30 часот во т.ц. City Mall организираат бесплатни прегледи за коса за граѓаните.

„Моември како месец на машкото здравје се покажа како успешна кампања а една од темите беше проблемот со косата кај мажите. Поттикнати од интересот кај граѓаните за прегледи на косата, се решивме со трихолозите повторно да организираме настан на кој директно и отворено да се разговара на таа тема“ вели Анастасија Јовановска од Превентус.

Тимот на доктори – трихолози од центарот за коса 101 Hair Care постојано се во акција се со цел да ги едуцираат граѓаните за грижата за нивната коса.

„Очекуваме на настанот се повеќе граѓаните да не посетат и директно да разговараат со нас. Проблемот на косата се јавува кај сите генерации особено и кај младите. Од година во година се поголем причинител за проблемот со косата е стресот, брзото темпо на живеење и негрижата за себе си“ додаде д-р Елена Арсова, трихолог.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!