Магазинот „NME“ состави листа од најдобрите песни во првите 10 години од новиот милениум. На првото место се најде песната „Crazy In Love“, која ја изведе Бијонсе. Песната што пејачката тогаш ја сними со својот дечко, а денешен сопруг, Џеј Зи, воедно беше и најуспешна комерцијална песна таа година. Џеј Зи на листата се најде уште двапати, со песната „Empire State of Mind“ на Алиша Кис и сопствената „99 Problems“.
Погледнете како изгледа ТОП 10 листата:
1. „Crazy In Love“, Beyonce feat. Jay-Z
2. „Time To Pretend“, MGMT
3. „Hard To Explain“, The Strokes
4. „Paper Planes“, M.I.A.
5. „Hey Ya“, Outkast
6. „House Of Jealous Lovers“, The Rapture
7. „Golden Skans“, Klaxons
8. „Out Of Time“, Blur
9. „Rebellion (Lies)“, Arcade Fire
10. „A Certain Romance“, Arctic Monkeys
Ivana Т. | ТВ Пакет