Јавниот ТВ сервис на Црна Гора, РТЦГ најави враќање на Евровизија 2025. Во својот план и програма за 2025 РТЦГ најави и организирање на музички фестивал на кој би биле промовирани и нови песни од локални комппозитори и учесници и на кој во зависност од буџетот би се избрал и учесникот за Евровизија 2025.
На неколку пати Црна Гора бираше претставник преку фестивалот Монтевизија, но поголемиот број беа внатрешно избрани претставници од страна на јавниот сервис.
Црна Гора исто како и Македонија втора година по ред не учествува на Евровизија. Иако беше најавено дека Македонија ќе се врати во 2024, тоа сепак не се случи, а и нема никакви најави дали во блиска иднина би се вратила на Евровизија. Во меѓувреме, земјите учеснички веќе ги претставуваат песните за годинешниот избор за Евровизија.
Дани | ТВ Пакет