Почетна / Сапуници / „Црна судбина“ – нова животна драма во 22:15 часот на Канал 5

„Црна судбина“ – нова животна драма во 22:15 часот на Канал 5

По завршетокот на првата сезона на “Куфер со спомени”, телевизија Канал 5 во вечерниот термин од 22.15 часот ја започнува новата мини серија “Црна судбина”.

Езо е млада девојка, порасната во омаловажување од нејзиниот злобен татко и игнорирана од нејзината баба. Овој недостаток на љубов ја претворило во огорчена млада девојка.

И покрај физичкото и психичкото малтретирање што го доживува и правилата кои ѝ ги наметнува татко ѝ, таа не дозволува да биде соборена и поразена. Нејзиниот единствен сон е да биде образована, силна и независна жена што нејзината мајка сакала да биде пред да умре.

Но, кога Езо ќе дознае дека нејзината мајка не се самоубила, туку била убиена од таткото, таа ноќ, таа ќе го запали чифликот во кој живеат нејзиниот татко Ресул, нејзината маќеа Ајфер и Бекир.

Ресул и Ајфер умираат, а Бекир се бори за живот во болница. Тогаш, Езо ѝ признава на нејзината баба Џавидан за тоа што го направила, но сега Џавидан се наоѓа пред голема дилема …

… дали да ја предаде Езо во полиција или да го сокрие злосторството со оглед дека сега нејзината внука е единствена жива личност во нивното семејство.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драмската серија за „Винченцо Малинконико″ навечер на Телма

Полуневработен, полуразведен, полусреќен, но пред сè неуспешен адвокат. Повеќе психолог отколку адвокат, Винченцо Малинконико секогаш …

error: Содржината е заштитена!