Почетна / Сапуници / „Црно бела љубов“ на Сител, уште една од редот на најдобрите

„Црно бела љубов“ на Сител, уште една од редот на најдобрите

По завршетокот на првата сезона од епската сага за драматичната “Горка земја”, од понеделник (12 јули) следува нова играна продукција на Сител телевизија.

Еден допир… една средба која ќе ја замлачи суровоста на срцето и … една искра која ќе ги разбуди чувствата и црното ќе го претвори во белина.

Ферхат е човек кој заборавил да сака. Тој е исполнет со гнев, темни мисли и подготвен да одземе дури и човечки животи. Асли е докторка. Нејзиното срце е полно со љубов. Го посветила својот живот во помош на другите, во лекување на болните.

И оној момент кога ќе се сретнат Ферхат и Асли е момент кога се спојуваат небото и земјата. Северот и југот. Водата и огнот. Доброто и злото. Едниот одзема животи, другиот од нив дава живот.

И меѓу тие два сосема различни света се раѓа љубов која е толку невозможна како онаа на Сонцето и Месечината и толку различна како црната и белата боја.

Од понеделник до петок во 21.20 часот, веднаш по летната хит комедија “Немирно лето” следува новата летна драма на ТВ Сител. Нова борба за невозможната “Црно бела љубов”. Бидете со Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!